ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судењето за „Титаник“ продолжува на 17 февруари

February 10, 2021 14:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите од Ресен, со албанско државјанство организирано патувале за Тирана, за да го остварат своето избирачко право. Ова денеска во случајот „Титаник“, го изјави сведокот Алкета Шумкаровска, (од 1995 живее во Македонија) која воедно посочи дека не се сеќава точно кога била во Тирана за да гласи.

– Имаше налепници по боровите во село каде живеевме со содржина да се гласа и времето кога треба да се тргне. Решив да одам и да гласам по моја желба. Патувавме со автобус. Не се сеќавам дали платив за превозот. Имаше и други луѓе кој одеа за гласење, изјави сведокот Шумкаровска.

На овој одговор реагираше одбраната на обвинетите кои истакнаа дека судот треба да го има предвид изјавеното, дека сведокот не наведе дека патувала за Тирана, за да го оствари своето избирачко право за избори во Македонија.

Со денешните сведоци обвинтелството премина на докажување како биле злоупотребени изборните процеси во 2013 и 2014 кога и се гласало за локални избори и за пратеници и претседател на државата. Теоријата на обвинителството е дека сведоците во 2013 биле ставени во списоците за гласање на кандидатите за градоналнци на локалните избори во Македонија, односно истите во 2014 се вратени во списоците за гласање на дијаспората за парламентарни и претседателски избори во Македонија. Целата ова операција според овинителството е остварена со поднесување на барања до ДИК, за остварување на избирачкото правото на друго избирачко место. Но, како што утврдило обвинителството откако ДИК ги отфрлил овие барања до Управниот суд се поднесени тужби кои биле уважени.

Адвокатот Александар Михајловски сведочеше дека поднесувал тужби до Управниот суд за лицата од Пустец, откако ДИК пред предвремените парламентарни избори и претседателски избори во 2014 година, одбила да ги врати тие лица на избирачкиот список на дијаспората во Тирана.

– Тие избори како што се сеќавам, бевме ангажирани и за други тужби. Немам сознанија лако биле прибавени личните податоци на граѓаните за кои поднесував тужби, одговараше адвокатот Михајловски, на прашања на обвинителката Лиле Стефанова.

Адвокатот Михајловски кажа дека од кол-центар му се јавувале од ВМРО-ДПМНЕ кога партијата имала потреба од негов ангажман.

Следното рочиште за „Титаник” е закажено за 17 февруари.

 

/МИА/
Next Post

Уважена жалбата на ОЈО Скопје за условната осуда за сообраќајката кај Млечен ресторан, осудениот доби две години затвор

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk