„Партијата за движењето на Турците ТХП, којашто е една од двете партии на турците во државата е долгорочен и стабилен партнер на СДСМ. Досега со ТХП предводена од Енес Ибрахим којшто е и пратеник во Собранието, сме настапувале заедно и ќе се трудиме и во иднина така да биде, но на локални избори може и сами да настапиме, а послеизборно би направиле коалиции.“, одговори Заев на денешната прес-конференција, на прашањето дали ТХП ќе ја напушти владината колаиција
– Убеден сум и сигурен сум дека ТХП нема да ја напушти коалицијата на централна власт и парламентарно мнозинство, рече Заев
Тој додаде дека Локалните избори секогаш давале можност за комбинаторики кој со кого ќе коалицира и дека секогаш е опција на партиите како ќе пристапат на следни избори.
J. Ѓ.