По реакциите на граѓаните дека има две платформи за пријавување за вакцинација vakcinacija.mk и vaksajns.mk, од Mинистерството за здравство велат дека валидна е само веб-страницата vakcinacija.mk.
Паралелно на нивниот сајт за вакцинација е креиран лажен сајт именуван vaksajns.mk. Случајот утрово е пријавен во МВР. Со реакција се јави креаторот на лажната страница, Адил Бакиу.
Бакиу објавил статус во кој посочува дека е повикан во полициската станица-Карпош.
„Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk.
Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години“, напиша Бакиу во објавата на Фејсбук.
Извор: ТВ 24