Доцент д-р Јана, проф. д-р Соња, проф. д-р Анка, м-р Тамара, м-р Магдалена се само дел од жените научници со кои соработувавме, информираат од Фондот за иновацвии и технолошки развој.
Од ФИТР велат дека на постигнатиот успех се радуваме секој ден, не само на Меѓународниот ден на жените и девојчињата во науката и технологијата.
„ФИТР овозможува рамноправно учество и пристап до еднакви можности на жените и девојките во науката. Во портфолиото на ФИТР:
Преку 13 од вкупно одобрените 34 иновациски ваучери финансиски се поддржани услуги за истражување и развој обезбедени од страна на жени вработени во академскиот сектор.
Кај училишните проекти финансирани под трите циклуса на “Предизвик за млади истражувачи” 72% од менторите кои ги предводат проектите се жени, 54% од учесниците вклучени во проектните активности се девојчиња/жени.
Според извештајот на Обединетите Нации, во светот 30% од научниците се жени, додека во Македонија речиси 50% од научниците и истражувачи се жени.“, наведуваат во Фејсбук објавата ФИТР.