ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Ниту еден премиер досега не дал поддршка за здравството како Заев, вели Филипче, која е новата претседателка на Врховен суд, Беса Адеми…

February 12, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Филипче: Ниту еден премиер досега не дал поддршка на здравството како што даде Заев. Ниту еден премиер досега во државата не дал таква поддршка и инвестиција во здравството како што даде Зоран Заев. Зголемување на платите какви што имаат сега лекарите и вакви инвестиции ова да може ние се да направиме немало буквално никогаш во историјата на нашата земја – рече Филипче.

Регистрирани се 367 нови случаи на Ковид-19, починати се пет лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.

Заев за „Учи паметно, работи стручно“: Повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат пракса за средношколците од стручните училишта.  Овој социјален дијалог помеѓу сите страни кои директно и индиректно се вклучени во овој процес е круцијален за да може да носиме одлуки базирани на факти, а не на претпоставки”, истакна премиерот Заев на дебатата.

Зајкова: На повидок е прифатливо решение за државната матура. Зајкова истакна дека ова е пример за компромисно решавање на општествените проблеми, во Собранието се слушнал гласот на средношколците, а низ дебатата се наметнало оптимално решение за кое се надева дека ќе биде прифатливо за учениците, за Сојузот на средношколците, за МОН и за Владата.   

Битиќи: Владата со директни средства ги поддржува домашните и странските компании. Само лани имаше рекордни 654 милиона евра во директна поддршка на компаниите, од кои 25,6 милиона евра за странските компании кои работат во технолошко-развојните зони, изјави заменик претседателот на владата за економски прашања Фатмир Битиќи.

Која е Беса Адеми – новата претседателка на Врховен, која беше на чело на Советот на жалби што го разреши Вангеловски. Ова не е првпат Адеми да конкурира за позицијата. Таа беше кандидатка и кога во 2017 Судскиот совет за претседател на Врховен го избра Јово Вангеловски.

Бектеши: И финансиската поддршка за исплата на платите, но и бескаматни кредити ќе бидат составен дел од петтиот сет економски мерки. Тој посочи дека се при крај со подготовката и дизајнирањето на петтиот сет економски мерки и во текот на наредните денови, како што рече, ќе бидат презентирани од страна на претседателот на Владата и економскиот тим.

Битиќи: За 1,5 година ќе има автопат Прилеп-Битола. Вицепремиерот Битиќи нагласува дека земјава почнува со нов тип автопатски решенија, според „Фидик-постапка“ за брза и евтина изградба, а се применуваат во ЕУ.

Заев не гледа ништо спорно во личната карта да се впише етничка припадност. Предлогот е во собраниска процедура, а партиите на Албанците најавија дека ќе го поддржат. Предлагачите на законот за изменување и дополнување на законот за лична карта по скратена постапка се група пратеници од Беса.

Османи: Северна Македонија е „колатерална штета“ на доцнењето на производството на вакцини во Европа. Тој потенцира дека, за жал, земјите од регионот на Западниот Балкан се влезени во регионален натпревар за добивање вакцини и со таа станаа предмет на геополитичка конкуренција за прашањето за вакцините.

И. Т. З. 

Next Post

Две опции за државната матура – се чека одговор од средношколците, од МОН и од Владата

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk