ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Првата дама Ѓоргиевска учествуваше во акцијата “ретвитни оброк”, aпелација ја преиначи пресудата за Чавков, коридорот 8 ќе ја рефлектира јазичната еднаквост

February 12, 2021 20:54
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се вклучи во активноста на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“, односно подготовка на храна за бездомни и социјално загрозени лица, соопшти Кабинетот на претседателот. Храната се подготвуваше во кујната на црквата „Гласност“. Согласно со досегашната практика, оброците ќе бидат распределени во текот на претстојниот викенд, кога не функционираат народните кујни.

Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљифета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски Нинџа огласени виновни за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик и на обвинетиот Оливер Радулов за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 в.в со член 24 од Кривичниот законик, на начин што првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело ја потврди, се вели во соопштението од Апелација.

Според Институтот за статистика на УНЕСКО, во Македонија има повеќе жени истражувачи отколку мажи. Односно, од сите истражувачи во државата, дури 53,4% се жени. Институтот за статистика на УНЕСКО (UIS) собира и анализира податоци од областа на технологијата, образованието, науката, културата и комуникацијата. Во јуни 2020-та тие ги објавија и нивните податоци за застапеноста на жените ширум светот во науката.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби заедно со директорот на „Македонија пат“ Беким Мемети, директорот на „Државни патишта“ Ејуп Рустеми и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот Илбер Села денеска направи увид во замената на старите еднојазични патокази со нови кои се напишани на албански, македонски и англиски јазик.

Две опции се наоѓаат пред матурантите кои под водство на Сојузот на студентите до понеделникот ја бојкотираа наставата со барање државната матура годинава да не се полага како досега.

Next Post

Грозданова: Целосно сме подготвени за вакцините на „Фајзер“ и за процесот на вакцинација

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk