Утре во 10 часот пристигнува првата пратка вакцини против Ковид19 од Република Србија, информира владината прес-служба.
Од македонската влада најавуваат дека на примопредавањето ќе присуствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев. Пратката вакцини ќе биде предадена на граничниот премин Табановце.
Претходно, примопредавањето беше одложено поради како што објаснија двете влади технички прашања поврзани со компанијата Фајзер која ги произведува вакцините.