Во среда започнува вакцинацијата, почнуваме од здравствените работници, изјави министерот за здравство Венко Филипче на примопредавањето на вакцините на ГП Табановце.
Филипче изрази голема благодарност до Србија.
„Вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници. Голема благодарност до Србија за солидарноста“, изјави Филипче.
Се планира вакцината да ја примат 4.600 медицински работници, а вакцинацијата ќе се извршува во модуларната болница на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Претходно ќе биде извршена регистација на вакцините од македонската агенција за лекови МАЛМЕД.