На Граничниот премин „Табановце“ пристигнаа првите вакцини во Македонија, како донација од соседна Србија.
На церемонијата присуствуваа претеседателот Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев.
„Ви благодарам на вас г-дин Заев што се борите за вашиот народ и тоа што ги баравте вакцините за нив. Од овие неколку илјади вакцини, секако дека ќе спасите, да не кажем неколку десетици, но секако неколку животи, а секој живот е за нас“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Среќни сме што ова можеме да го направиме. Сакавме уште пред 10 дена, но сакам сите да знаете дека имавме проблеми со документацијата за извоз“, рече Вучиќ.
„Јас сум среќен што С.Македонија ќе може да влезе во имунизација, и среќен сум што помогнавме. Србија нема други интереси, освен да покаже пријателство кон С.Македонија. Ова е најобичен поклон, што сум сигурен дека и вие би ги дале како добри соседи. Вистински пријател е оној кој ви наоѓа во тешки моменти. За информација, кај нас веќе се употребени над 800.000 дози од вакцините“, рече Вучиќ.