Како израз на драгоцен чин на солидарност, соседна Србија споделува 4.680, од вкупно 8.000 вакцини. Ова е израз за пријателска помош додека да стиигнат вакцините што ние ги нарачавме. Ништо не е завршено, кризата трае, останува да бидеме внимателни, но оваа планетарна криза го извади човечкото од нас. Да ги негуваме за секогаш и за идните предизвици, рече премиерот Зоран Заев на примопредавањето на првиот дел од донацијата вакцини на „Фајзер/БиоНтек“.
„Овој чин им даде пријатлеска рака на нашите сораѓани и тоа е алка на поврзување на двете земји. Вакцините ќе влезат во планот за имунизација. Утврдени се приоритетни групи, кои штитат од Ковид-19. Благодарам што го помагате нашето јавно здравје“, рече премиерот Заев.