ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Речиси една година од првиот потврден случај на коронавирус во Северна Македонија

February 15, 2021 09:13
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот случај на коронавирус во нашата земја беше потврден на 26 февруари 2020 година. Се работеше за македонска државјанка, родена 1970 година, која се вратила заразена со вирусот од Италија- епицентарот на коронавирусот во Европа.

Таа во меѓувреме се излечи и беше отпуштена од болница, но остана генералниот став дека првичните кластери на болеста во земјава се формираа од повратници од странство.

„Стигнаа резултатите за пациентката којашто денеска во раните утрински часови беше хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19, што значи дека таа е првиот пациент во Скопје дијагностициран за заболена со овој причинител, изјави министерот Венко Филипче на 26 февруари 2020 на прес конференција.

Прв смртен случај од Ковид-19 во Северна Македонија

Министерот за здравство Филипче, на 22 март 2020 година соопшти дека е потврен првиот смртен случај како последица на коронавирусот.

„За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена којашто имала 57 години. И двата теста иницијално покажале негативен резултат, но и покрај негативните резултати поради тоа што болеста била типична за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен по констатација на смртта вчеравечер и тој бил позитивен“, информираше Филипче.

Нулта пациент или прв регистриран случај на коронавирус во светот

55-годишен маж од кинеската провинција Хубеј беше првиот  регистриран случај со коронавирус.

Нулта пациентот, според „Чајна морнинг пост“ е регистриран на 17 ноември 2019 година што е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан.

Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, секој ден се пријавувале по неколку пациенти, а на 15 декември 2019 година тој број бил 27.

Прв смртен случај во светот како последица од коронавирус

Кина на 11 јануари 2020 година го потврди првиот смртен случај на коронавирус во градот Вухан во покраината Хубеј.

Од тогаш непознатиот вирус почина 61-годишен маж, кој бил редовен купувач на озлогласениот пазар во Вухан, каде се претпоставуваше дека вирусот се појавил и почнал да се шири. Според податоците на СЗО, новиот вирус потекнува од лилјак. Свестката здравстена организација и во моменов работи на истражувања во Вухан, поврзани со појавата на ковид-19.

Актуелен биланс: Близу 3.000 починати во земјава од почетокот на пандемијата

Во текот на изминатото деноноќие беа регистрирани нови 180 случаи на ковид 19. Според последните податови на Министерството за здравство, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052.

Оздравени се  87.652 пациенти, а починати се 2.989.

Бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Актуелен биланс во светот

Според Worldometer, до сега во светот се регистрирани 109.396.268 случаи на коронавирус. а 81.490.533 оздравеле.

Како последица од ковид 19 до сега починале 2.411.699 луѓе во светот.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk