На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, претставниците на „Сименс“, како компанија која има респектабилно меѓународно искуство и стручност, покажаа интерес за поголемо и непосредно присуство во Северна Македонија со цел да учествуваат во конкуренцијата во енергетскиот сектор во делот на обновливите извори на енергија, гасификацијата, како и во проектите за заштита на животната средина во капиталните проекти за управување со хидросистемите за снабдување и во системите за менаџирање со отпадните води.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри за итна употреба вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд. СЗО во соопштението наведува дека вакцината произведена од „АстраЗенека-СКБио“ (од Јужна Кореја) и Институтот за серум од Индија е одобрена, јавија британските медиуми.
Фејсбук ја забрани целата анти-вакцинална пропаганда на нивната социјално-медиумска платформа по повеќе години неактивност. Гигантот на социјалните медиуми сега исто така ќе забрани неосновани здравствени тврдења и други дезинформации.Ограничувањата ќе важат за рекламни и приватни лица, а исто така важат и за платформата Инстаграм.
Научниците од Светската здравствена организација (СЗО), кои во Кина го испитуваат потеклото на новиот коронавирус откриле податоци дека првичната зараза во Вухан, во декември 2019, била многу поголема отколку што претходно се мислеше.
Квалитено законско решение за недела како ден за неделен одмор е од клучно значење. Социјалните партнери се согласни дека исклучоци мора да има, но само во одредени дејности и тоа само кај оние работодавачи каде работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко-технолошки процес и потребата од континуитет. За работниците што ќе работат во недела освен соодветниот додаток на плата за работа во ден на неделен одмор согласно закон и колективен договор, им следи и ден за неделен одмор кој ќе го користат во друг ден од неделата, соопшти МТСП.
„Со оваа пратка вакцини, имунизација ќе се спроведува само во модуларната болница во Скопје. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови“, соопштија денеска од Министерството.





