ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шведска и Данска планираат ковид-пасоши

February 17, 2021 18:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шведска и Данска планираат да воведат дигитален ковид-пасош за вакцинираните, и на тој начин да го олеснат, меѓу другото, патувањето, објави Дојче веле.

Шведска досега беше позната по својот „специјален пат“ во пандемијата на коронавирусот. Наместо локдаун и рестрикции, како во другите европски земји, Швеѓаните прво одеа кон т.н. имунитет на стадо, а подоцна се потпираа врз разумот на луѓето. Таквиот однос во пандемијата беше мета на многу критики, особено поради високиот број инфицирани. Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, во Шведска досега со коронавирус се заразиле повеќе од 600.000 луѓе.

Сега земјата, заедно со Данска, повторно тргнува на специјален пат и сака до лето да воведе дигитален пасош за имунизација, пишува ДВ.

Шведскиот министер за дигитален развој Андерс Игеман објасни дека во прва линија станува збор за тоа на едноставен начин да се докаже дека лицето е вакцинирано. Такви докази би можеле во иднина да бидат важни, на пример, при патување во други земји, или на културни и спортски манифестации. Дигиталната инфраструктура за пасошот за вакцинација би требало да е подготвена до 1 јуни, а во подготовките учествуваат повеќе институции.

Данска ги обелодени своите планови за пасоши за вакцинираните пред Шведска. Пасошите би требало пред се да ги олеснат службените патувања. Доказот за вакцинација би се добивал преку интернет страницата на данското Министерството за здравство или преку смартфон.

Во моментов од дигитален пасош за имунизација би профитирале само мал број луѓе. Онлајн-платформата Our World in Data (состојба 14.02.2021) објави дека во Данска досега се вакцинирани 6,87 отсто од населението, а во Шведска – 4,53 проценти. Тоа значи дека стапката на вакцинација во двете земји е слична како во Германија (4,95 отсто) и во Европската унија. За споредба – Израел, кој предводи по бројот на вакцинирани лица против коронавирусот, досега вакцинираше 74 проценти од своето население.

Но, критичарите на вавите планови стравуваат дека на тој начин „од задна врата“ ќе се протурка обврска за вакцинирање, пред се за луѓето кои сакаат или мораат да патуваат, или кои сакаат да учествуваат во општествениот живот. Тоа би можело да предизвика поделеност во општеството, аргументира германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер. Освен тоа, на тој начин би можела да биде разнишана довербата во политиката, која досега исклучуваше обврска за вакцинација, наведува ДВ.

Освен тоа, критичарите велат дека се додека нема доволно вакцини на располагање, предностите за вакцинираните се нефер. Треба да се додаде и дека не сите луѓе смеат да се вакцинираат без проблем. Луѓето кои имаат тешки алергии, на пример, или оние кои пијат имуносупресивни лекарства, смеат да се вакцинираат само по консултација со лекар, а бремените жени и доилките би требало по можност да не се вакцинираат. Овие категории луѓе би биле исклучени од предностите што би ги носел пасошот за имунизација без да можат да сторат што било по тоа прашање, појаснува Дојче веле. /МИА/

Next Post

Германија: Експлодираше писмо-бомба, повредени три лица

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk