ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР е првата државна институција со ИСО стандард за спречување корупција

February 17, 2021 13:23
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го имплементираше ISO 37001:2017, со што стана првата државна институција сертифицирана со меѓународниот Стандард за спречување корупција.

Како што соопшти, стандардизацијата за спречување на корупција има за цел континуирано и темелно спроведување на политиката на нула толеранција за мито и корупција. Усогласеноста со овој меѓународен стандард овозможува имплементација на разумни и пропорционални механизми за превенција и откривање, како и конкретни мерки против корупцијата.

-Борбата против корупцијата и криминалот е еден од врвните приоритети на Владата, и затоа бара вклученост од сите институции. Од исклучителна важност е меѓуинституционалната соработка, размената на информации и координации, на што од почетокот на мојот мандат ставив посебен фокус.ФИТР е позитивен пример за вклученоста на институциите во спречувањето на корупција и драго ми е што е првата државна институција која доби  ИСО сертификат 37001, со кој се определуваат обврските и должностите на Фондот во делот на спречување корупција, одговорностите на вработените во спроведување на активности поврзани со спречување на мито и корупција и друго, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски.

Тој очекува имлементацијата на овој сертификат, да придонесе за подигнување на свеста за негативните последици од корупцијата за целокупното општество и да даде придонес во целиот процес.

-Како координатор на надлежните антикорупциски институции, овој сертификат ќе предложам да го имплементираат и останатите државни институции. Борбата против корупцијата и криминалот е заедничка, и очекувам сите да дадеме придонес во искоренувањето на оваа појава што го поткопува општеството, буџетот, економијата и враќа државата назад, рече Николовски.

Воведувањето на ИСО 37001:2017 ги вклучува и вработените, нивната одговорност и работа која треба да биде посветена на јавниот интерес, како и на ангажираните лица во Фондот и други лица поврзани со институцијата во спроведување на активности поврзани со спречување на мито и корупција и примена на принципите дефинирани во политиката на Фондот.  За таа цел, обезбедени се информации и упатства како за вработените така и за ангажираните лица и поврзаните лица со Фондот, со цел препознавање и справување на проблеми поврзани со мито и корупција.

-Сертифицирањето беше спроведено на иницијатива на Фондот а  обезбедувањето на глобално призанен Стандард претставува уште една потврда за успешноста на процесите и политиките на ФИТР. Верувам дека сертификацијата ќе ја надгради довербата кон Фондот како институција која претставува значаен промотор на иновациската дејност, технолошки и економски раст и развој во државата. Се надевам дека ФИТР ќе биде и силен импулс за другите државни институции, да го следат нашиот пример за сертификација и спроведување на овој Стандард, како иницијатива повеќе за транспарентен и одговорен јавен сектор, нагласи директорот на ФИТР, Коста Петров.

Процесот на стандардизација и имплементирање на ИСО 37001:2017 во ФИТР се одвиваше изминатите шест месеци.

 

/МИА/
Next Post

Заев: Органодарителството е највисок акт на човечност и хуманост и ја подига свеста за уште многу успешни трансплантации за излекување и за спасени животи

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk