Денеска и официјално започна процесот на имунизација против Ковид-19 во нашата земја. Првите вакцинирани се докторка и медицинска сестра дел од персоналот на Инфективната клиника, кои во изминатиов период секојдневно се бореа за секој еден човечки живот, истакна министерот Филипче на денешната прес-конференција.
Се чувствувам одлично, самото аплицирање на вакцината е безболно и можам да препорачам сите да ја примат вакцината, затоа што ова е единствен начин да се заштитиме од оваа инфекција со која цел свет се бори, истакна првата вакцинирана примариус доктор инфектолог Добринка Наунова Јовановска, на денешната прес-конференција.
Министерот за здравство Венко Филипче, потенцираше дека одговорност или разрешување ќе има за секој за кого ќе се утврдат неправилности, без разлика дали станува збор за директор или раководител во здравствена установа.
СДСМ синоќа на 19-та седница на Централниот одбор ги распиша првите внатрепартиски избори за избор на претседател кои ќе се одржат на 21 март 2021 година.
Единствена заедница во моментот којшто е бележана во Македонија е „Албанската етничка заедница“ којашто и во постојниот формулар на МВР за Лична карта се изјаснува етничката припадност, рече аналитичарот и граѓански активист Петрит Сарачини. Јас лично сметам дека Македонија ќе добие многу, затоа што Македонците конечно ќе ги расчистат дилемите дали се пишува или се брише „Македонец“ бидејќи некој 3 години ги лажеше со ред дека со Преспанскиот Договор се брише македонскиот народ, додаде.
Граѓанско општество не е општество кадешто се сите исти, туку се еднакви со сите права. Вака предложеното законско решение, има добри, но и работи кои треба да се дискутираат, рече поранешниот пратеник Павле Богоевски.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се сретне со бугарскиот европратеник Илхан Ќучук. Посетата се реализира во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент и претставува главна тема.
Османи најави финализација на Акцискиот план со Бугарија, Захариева апелира на враќање кон Договорот за пријателство.
Како нова генерација луѓе во политиката, ќе направиме се за да покажеме и докажеме дека чесно, искрено и одговорно ќе работиме на борба против корупцијата и дека ќе носиме политики во тој правец, вели Николовски.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на состанок на НАТО министри за одбрана, теми на разговор ќе бидат зацврстување на трансатлантската безбедност и одбрана, борба против тероризам.
ФРОНТ:
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски – пишува Елена Гаговска




