ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Демири: Граѓаните да ги почитуваат законските рокови за пријава во евиденција на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

February 18, 2021 16:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денеска одржа прес-конференција во Владата со цел да апелира до јавноста и граѓаните за важноста на почитувањето на законските рокови за пријава во евиденција на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, информираат владини извори.

АВРСМ согласно уредбата со законска сила донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19, ги одложи роковите за редовно пријавување на невработените лица.

На 15 септември 2020 година повторно беше воспоставено редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа или пасивни баратели на работа).

Невработените лица беа известени за терминот кога треба да се пријават во надлежниот Центар за вработување или дисперзирана канцеларија.

Заклучно со денеска околу 54 илјади лица доцнат со пријава во евиденцијата на невработени лица (активни баратели на работа) и други лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа) во АВРСМ.

Директорот Демири ги повика лицата кои доцнат со пријава во евиденција на невработени лица да дојдат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска во рок од 30 дена, односно најдоцна до 19 март, петок.

„Јавно ги повикуваме сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава во евиденцијата на АВРСМ во наредните 30 дена почнувајќи од утре, да дојдат во Центрите за вработување каде се евидентирани за да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели на работа.

Апелираме до сите лица кои ќе дојдат да се евидентираат во Центрите за вработување да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот КОВИД-19 пропишани од Министерството за здравство, да носат заштитна маска и да одржуваат соодветна дистанца од другите лица“, нагласи директорот на АВРСМ Демири.

Невработените лица кои нема да ги исполнат своите обврски во рок од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година, а корисниците на права по основ на невработеност го губат и правото.

Со воведување во евиденцијата на Агенцијата за вработување невработените лица односно активните баратели на работа имаат пристап до Активните програми и мерки за вработување кои се спроведуваат согласно годишните Оперативни планови за вработување кои се креираат согласно потребите на пазарот на трудот.

Наскоро ќе биде објавен новиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година кој ќе има рекордно највисок буџет досега и ќе биде поддршка за креирање и отворање на нови работни места, како и за зголемување на вработливоста на невработените лица.

 

Next Post

Пик на коронавирусот во Кавадарци, активни 516 случаи

НАЈНОВО

Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Израел го поздрави мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
Скриншот

Кос: Време е за проширување на проширувањето

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk