ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кос: Време е за проширување на проширувањето

November 18, 2025 13:25
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Во актуелниот геополитички контекст време е за „проширување на проширувањето“, за да не ја изгубиме контролата врз безбедноста и стабилноста на Европа, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што се одржува денеска во Брисел.

– На земјите кандидати за членство им треба време за реформи, а понекогаш на нашите земји членки им треба време да одлучат, време кое денешниот свет повеќе не ни го дава. Ако не дејствуваме брзо и решително, ризикуваме да ја изгубиме контролата врз безбедноста и стабилноста на нашиот континент, рече Кос.

Таа нагласи дека политиката на проширување на ЕУ одигра централна улога во клучните моменти во поновата историја на Европа и затоа таа е неопходна и денес со цел уште еднаш да се спротивставиме на силите што имаат за цел да го дестабилизираат европскиот континент.

– Треба да го исчистиме нашиот континент од автократии, треба да го одбраниме нашиот простор на слобода и демократија и уште еднаш сме свртени кон политиката на проширување за да обезбедиме одговори за пополнување на јазот во просперитетот, слободата и стабилноста низ цела Европа и да ја затвориме празнината што се повеќе ја користат нашите противници, трговците со луѓе и криминалците, рече Кос.

Таа порача дека ЕУ и денес како и нејзините основачи во 50-те години на минатиот век се соочува со прашањата како да се обезбеди војните во Европа засекогаш да бидат испратени во учебниците по историја, како да се заштитат демократиите од автократски тенденции, како да се максимизира европската способност за дејствуваме и како Европа да одлучува за сопствената иднина.

Според неа, ЕУ делумно одговори на овие прашања во минатото, кога во 80-те години на минатиот век и се приклучија новите демократии Грција, Шпанија и Португалија и на почетокот на 20-от век, кога и пристапи голем дел од Централна и Источна Европа.

– Денес повторно се подготвуваме за нови членки и го правиме тоа повторно водени од прашањата за мир, демократија и безбедност, рече Кос.

Според неа, проширувањето не само поттикнувач на промени во земјите кандидати за членство, туку и можност ЕУ да даде одговори на загриженоста на нејзините граѓани во врска со социјалните или економските модели, миграцијата, корупцијата или организираниот криминал.

Таа потенцира дека проширувањето како „сила што предизвикува промени“, премногу често буди негативни асоцијации, па затоа обврска на сите е да се стави крај на ваквите асоцијации и да се дадат веродостојни одговори за обезбедување посилна Европа и за нејзино обединување првпат во историјата.

– Овие фундаментални прашања за иднината на Европа бараат отворена дебата, на сите што сакаат да се чуе нивниот глас – владите, граѓанското општество, европските институции, но исто така и националните парламенти на сегашните и идните земји членки, додаде Кос.

Според неа, 2025 е добра година за проширувањето на ЕУ, со придвижување на многу работи и значителен напредок во европскиот пат, што е доказ дека спроведувањето на реформите се исплати.

– За да бидеме во чекор со геополитичката итност на нашето време постепено ја забрзавме интеграцијата, вклучително и преку Украинскиот инструмент и плановите за раст на Западниот Балкан и Молдавија, што уште отсега ја прави Европската Унија реалност во кандидатите за членство, рече Кос.

Таа порача дека и покрај актуелните предизвици, проширувањето мора да остане кредибилен процес и да се базира на заслуги, без скратени или забрзани постапки, без да се затвораат очите пред недостатоците како одговор на геополитичките аргументи.

– Кога демократските структури се слаби или не се почитува владеењето на правото, тоа може да ги отвори вратите за штетни влијанија, корупција и организиран криминал. Нашата Унија е изградена врз доверба меѓу своите членки. Успех во проширувањето е можен само кога има доверба заснована на достигнувања базирани на заслуги, рече Кос.

Според неа, паралелно и ЕУ треба да се прилагоди за проширувањето за да овозможи одржување на нејзиниот социјален модел, зајакната контрола на границите, почитување на владеењето на правото и свое непречено и ефикасно функционирање.

Таа нагласи дека во времето кога нејзината земја Словенија се подготвуваше за членство во ЕУ на проширувањето главно се гледаше низ призмата на просперитет, но денес тоа исто така е и прашање на безбедноста.

– Гледаме дека ако нашите соседи изберат европска иднина, тие се напаѓани. Нашите земји кандидатки гледаат кон ЕУ заштита од овие напади и затоа ние мора да ја направиме европската интеграција реалност денес, а не утре, истакна Кос.

Според неа, Унијата не треба да се плаши да размислува за следните чекори во проширувањето, туку треба да работи на тоа како може да ги интегрира земји кандидати за членство и во некои други нејзини структури.

– Потребата за обнова на дискусијата за иднината на проширувањето и за проширената Унија денес е од огромно значење. Затоа овој Форум за проширувањето се одржува токму навремен, за да ја започнеме таа дебатата заедно денес, заклучи Кос.

Tags: ЕУКос
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Израел го поздрави мировниот план на Трамп за Газа

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk