На барање на пензионерите од Скопје, денеска министерот за здравство Венко Филипче, оствари средба во Сојузот на здруженија на пензионери.
– На средбата зборувавме за прашања од сферата на здравствена заштита на пензионерите, за грижата која ја искажуваме кон нив со укинување на квотите за лековите, бесплатна вакцинација против сезонски грип за нив, бесплатно болничко лекување за пензионери со ниска пензија,објави на својот фејсбук профил.
Тој додаде дека на средбата станало збор и за ковид вакцинацијата која започна во нашата земја.
-Апелирав дека од голема важност е пензионерите да се вакцинираат, против коронавирусот бидејќи се во најризичната група и најголем дел од нив се со хронични заболувања, пишува министерот Филипче, на својот фејсбук профил. /МИА/