Макрон рече дека сегашната, нееднаква распределба на дозите претставува „забрзување на глобалната нееднаквост без преседан“ и предупреди дека некои земји вакцините ги наплаќаат двапати или трипати повеќе отколку земјите од Европската унија.
Макрон додаде дека нерамнотежата е „политички неодржлива“ и предупреди на можноста за „војна на влијание поради вакцините“, истакнувајќи дека Кина и Русија ги нудат своите вакцини на земји што немаат доволно.
Тој смета дека одлуките на европските земји и САД за пренасочување мал дел од нивните залихи нема да влијаат на масовната вакцинација во тие земји.
„Не зборуваме за милијарди дози или милијарди евра. Треба брзо да дадеме 4-5 проценти од дозите што ги имаме. Тоа нема да ги промени нашите кампањи за вакцинација, истакна Макрон. /MИА/