пишува: РИБАРО
Откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при полна свест изјави дека власта намерно доцни со вакцинирањето за корона кризата да продолжи што повеќе, а тие да можат да ловат во матно, настанала ѓурултија во белата палата, јавуваат изворите од вмровското седиште за АХА.
„Добро бе Александаре, слепец ли си, глупав ли си, или што, како можеше да изустиш онолку голема глупост. Ок. рековме дека ќе им одиме за сè контра, дека ќе ги обвинуваме дека не ги бидува, ама па да истресиш дека намерно не набавуваат вакцини, еве не знам и од тебе да е, премногу глупаво е, што да ти кажам“, го потфатил еден постар вмровец потпреседникот на Мицко.
– Ама пак со шефот ја договаравме оваа изјава, што ти сега ми мрчиш, возвратил Александар.
– Со шефот сте договориле купишта бесмислици досега, затоа глава не може да поткрене партијата, ама ова е врв. Ако само ѕирнеш како се пренесува оваа твоја изјава на социјалните мрежи многу јасно ќе ти стани која закоравена глупост сте ти и овој твој шеф. Од толку што сте непрокопсани, најчестите коментари се дека „се нема коментар“. Ете до толку појма немате на каде терате, така да му кажиш на Мицко, рекол искусниот вмровец и ја напуштил белата палата.
Александар се упатил кон кабинетот на Мицко.
Изворите од белата палата за АХА велат дека Мицко иако слушал не излегол од Кабинетот. Бил зафатен човекот – јадел шеќерна волна во розoва боја.
– Шефе, ќе дадеш еден гриз?!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK