„Треба да се направи попис. Мило ми беше што Законот за попис помина во парламентот и тоа се случи со поддршка на некои опозиционери, тоа има важна улога. Како што знаете овде немало попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци правењето јавни политики го прави тежок процес. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики да располагаат со такви алатки“- истакна амбасадорката на САД, Кејт Брнз, во интервјуто на телевизија Канал 5, со што испрати порака дека пописот како статистичка операција е неопходна и дека треба што побрзо да се спроведе.
„Имаме доверба, имаме очекувања, дека пописот ќе биде професионален и ќе се користи за прибирање прецизни податоци за јавни политики и да се привлечат инвестиции важни за вашиот развој“, рече Брнз.