Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно. Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда, повикува во својата објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Шилегов апелира да се почитуваат протоколите и да се држи дистанца.