ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Норвешкото аташе со остри реакции за објавените лаги во некои портали, се отвори „Европската Куќа“ во Струмица, нови 449 случаи од Ковид-19

February 20, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

По написите во некои портали во кои се омаловажува македонскиот хируршки тим кој е на обука со норвешки експерти за мисија во Авганистан, норвешкото аташе Егил Далтвеит до Министерството за одбрана испрати официјална изјава во која изразува остра реакција за објавените лаги.

Министерството за одбрана ја демантира лажната вест објавена во дел од медиумите, за наводно враќање на специјалисти од хируршкиот тим од нашата земја кои се на обука во Норвешка,

Со симболично предавање на клучот од страна на градоначалникот Коста Јаневски на младите од Струмица денеска беше отворена „Европска куќа“, катче за дружење на младите и негување на европските вредности.

Владиното себе рекламирање и натаму треба да остане забрането, но во исто време неопходно е да се дефинираат механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа значи и соодветна измена на член 102, сметаат од Владата.

ФРОНТ: До неписмените плукачи, мразачи и насилници, но – и до оние што молчат пред лудилото. Пишува Петрит Сарачини.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во посета на ОБ Велес каде е пуштена во употреба модуларната болница, во која веќе од следната недела ќе почнат да се примаат пацинети. Ова е уште еден од 19-те модуларни центри кои се поставуваат во 16 општини низ државата.

Ако се откажат дел од нарачките веројатно следни за нарачка ќе бидат „Спутник“ вакцините, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир и градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски денеска во Струмица свечено ја отворија „Европската Куќа“.

Во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, при што се регистрирани 449 нови случаи на Ковид-19. Во исто време регистрирани се 227 оздравени пациенти, а починале 10 лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Филипче за изградбата на новиот Кличнички центар се надева дека од опозицијата ќе покажат храброст и волја да ги повлечат амандманите.

Скопје е подготвено за разговор со Софија, но постои голема разлика помеѓу бугарските барања и очекувањата на Република Северна Македонија, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук

Денеска се навршуваат 30 години од уривањето на споменикот на Енвер Хоџа во центарот на Тирана, симбол на комунистичката диктатура, со што се отвори патот за политички плурализам.

Јапонската тенисерка Наоми Осака победи на годишново издание на Австралија Опен, совладувајќи ја денеска во финалето Американката Џенифер Брејди со 2:0 во сетови (6:4, 6:3).

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Димитров со реакција на Захариева: Скандалозна невистина. Нашата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ е 92 отсто

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk