ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев, Гир и Јаневски на отворањето на Европската куќа во Струмица: Европа е нашиот дом и нашето семејство

February 20, 2021 19:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир и градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски денеска во Струмица свечено ја отворија „Европската Куќа“.

Ова е трета локација по Скопје и Крива Паланка каде што се отвораат вакви објекти, а нивното отворање и нивниот концепт се сеопфатен одговор на барањата и потребите на нашите граѓани да бидат во најблизок контакт со политиките на ЕУ, кои се од интерес на младите и на граѓаните на нашата земја и придонесуваат за активно вклучување во обликувањето на европската иднина на земјата.

„Кога ќе речеме „Европска куќа“, тогаш зборот куќа не го толкуваме како нешто што означува архитектонски објект, туку како дом. А каде што има дом, таму има и семејство. Најчесто Европската Унија ја нарекуваме – Европско семејство. Ако е тоа така, тогаш оваа „Европска куќа“ што денес ја отвораме, не е ништо друго туку Европски дом за младите струмичани“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

„Европска куќа“ ќе биде исклучително жив простор во кој младите од Општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека „Европска куќа“ ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати“, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Со заменувањето на ЕУ Инфо центрите со Европски куќи се овозможува младите луѓе да имаат место каде што ќе ги развиваат нивните критички размислувања, ќе ги зајакнуваат своите мрежи и ќе бидат директно вклучени во обликувањето на европската иднина на својата земја.

„Позитивните искуства кои ги имавме со отворањето во Скопје не инспирираа да отвориме повеќе вакви точки за идните генерации ширум градовите во Северна Македонија. Младите луѓе мора да бидат дел од отворениот дијалог за Европските перспективи на земјата од првиот ден. Мора да се вклучени во разговорите за сите големи прашања и да бидат активни чинители“, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната церемонија во Струмица.

Next Post

До неписмените плукачи, мразачи и насилници, но – и до оние што молчат пред лудилото

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk