ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Медиа Плус: Таравари дезинформира со тврдењето дека македонската влада не нарачала 800.000 вакцини преку Ковакс

February 21, 2021 18:51
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари во текот на гостувањето на ТВ Алсат М (18.02.2021), дека за Македонија се резервирани само 103.200 дози на вакцини е неточно и со тоа тој ја дезинформира јавноста, пишува „Медиа Плус“ во својата анализа, пренесува „Мета.мк“.

„Јас го проверувам, сега го гледам системот Ковакс на телефон и ги гледам броевите дека Македонија е во системот Ковакс. Министерот рече дека нарачавме над 800 илјади вакцини преку системот Ковакс и сега гледам, резервиран број за Македонија е 103.200 вакцини“, рече Таравари на Алсат М. Оваа изјава потоа ја пренесоа повеќе медиуми.

Тоа што поранешниот заменик министер за здравство го гледал, всушност е документот на Ковакс системот со прогноза за раната достапност на дозите од вакцината на Фајзер/Бионтек и вакцината на АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет, издаден на 2 февруари.

Во објаснувањето се вели дека „овој документ содржи информации за индикативна дистрибуција на 240 милиони дози на вакцината АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет (АстраЗенека/Оксфорд) лиценцирани на Институтот за серуми од Индија и 96 милиони дози на вакцината АстраЗенека/Оксфорд, според договорот за претходна набавка помеѓу Гави, Алијансата за вакцини и АстраЗенека за првиот и вториот квартал на 2021 година. Исто така, содржи преглед на распределба во првиот круг од 1,2 милиони дози за употреба во итни случаи на СЗО и одобрената вакцина на Фајзер/Бионтек одобрена (EUL) за првиот квартал на 2021 година“.

Понатаму се објаснува терминот „индикативна дистрибуција“, кој е „со цел да обезбеди привремени упатства за учесниците во објектот – нудејќи планирање/сценарио за да се овозможат подготовки за конечна распределба на бројот на дози што секој учесник ќе ги добие во првите рунди на дистрибуција на вакцините. Затоа, тој не е обврзувачки и може да биде предмет на промена“.

Во овој документ со проекција на можна распределба на вакцината против корона вирусот, навистина стои бројот од 103.200 дози, но тоа е само потенцијален план за распределба за македонските граѓани на дози за првиот квартал од годината.

Од друга страна, на документот со резервирани вакцини за Северна Македонија од Ковакс системот, пишува дека до 5 јануари 2021 година се резервирани 800.000 дози.

Јавно искажаниот збор, кога е поткрепен со конкретни бројки, тежи, особено за тема од значаен интерес на граѓаните, во време на пандемија и болест од која секојдневно умираат луѓе.

Од друга страна, задача на новинарите и медиумите е кога пренесуваат вакви изјави да проверат и со тоа да ја остварат својата улога во општеството. Во принципите во Кодексот на новинари пишува дека новинарите со својата работа „ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот“.

Во член 1 пишува: „Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“, се вели во анализата на „Медиа Плус“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk