На својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче објави дека досега се вакцинирани 1040 здравствени работници на територија на цела држава.“Досега 1.040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „Vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација. До крајот на неделава ги очекуваме и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200-те илјади кинески вакцини.” – напиша министерот за здравство Венко Филипче