„Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање“, велат од МВР во врска со неможноста да се пронајде Мијалков за да му достави одлуката за мерка притвор.
„Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница“, се вели во одговорот на МВР за Фронтлајн.