Помалиот син на поранешниот прв човек на УБК сега бегалец на органите на прогонот, Сашо Мијалков е на информативен разговор во полициската станица „Пролет“ во Скопје, објави Телма.
Во полициската станица денеска беше на распит семејството на бегалецот, брат му Влатко Мијалков беше околу 3 часа, таму беше повикан и синот на избеганиот обвинет Јордан Мијалков, а со луксузниот автомобил и уште неколку возила беа донесени и возачот и обезбедувањето на Сашо Мијалков.
Автомбилите откако беа претресени си заминаа и неговите телохранители.
Во текот на денот на информативен разговор беше повикана и неговата сопруга, примабалерината Александра Мијалкова.
Извор: Телма