Говорот на омраза и навредите не се реткот да се прочитаат на социјалните мрежи, посебно на профилите на политичарите, независно дали се на власт или во опозиција. На една од поновите објави на фан страната на министерката за образование и наука Мила Царовска на Фејсбук, на која има фотографии од ажурирање на членството на СДСМ, напишан е коментар кој е навредлив по основа на нејзината етничка припадност и користен експлицитен говор на омраза.
Во коментарот Царовска е нарекувана „цинцарка“, „патуљак“, „гомнарка“. Исто така се споменува мајката на министерката за на крајот на коментарот да пишува „да ја фатат за нозе и да ја фрлат во Дрисла“ затоа што била предавничка.
Во друг кометар пак, на истата објава, министерката е нарекувана „абдал“, „демон“, „луцифереста“, „одвратна“ и „дебил“.
Ова не е првпат да бидат упатени навреди кон Царовска. Министерката беше мета на клевети и говор на омраза кога беа објавени реформите во образованието и сеопфатното сексуално образование.
И. Т. З.