Од друга страна, не само за дежурните критичари на кои владата им е крива за сè, и за објективните е рационално а не само лесно, освен во заробувачите на државата и нивните инсталации, одговорност да бараат и кај извршната власт, кај оние што требаше, по случувањата со Груевски и екс-спец.обвинителка Јанева, да отворат четири очи и да не дозволат уште едно филмско бегство, и тоа овојпат на ко-архитектот на злото што не зароби цела деценија, а уште ни тежи како тег и нè влече надолу.
Не постои таква можност, затоа што првата информација која јас ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови во сабота и немаше никој на работа освен мене. Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов веќе со изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека информацијата протекла од Обвинителството, изјави Рускоска.
Досега 1.040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „Vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација. До крајот на неделава ги очекуваме и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200-те илјади кинески вакцини.
Проценувајќи дека коронавирусот се шири затоа што сиромаштијата, дискриминацијата и уништувањето на природната средина создадоа голема слабост во нашите општества, Гутереш посочи дека животот на стотици милиони семејства претрпел големи промени поради загубите на работни места, зголемените долгови и паѓањето на приходите.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Јоханес Хајдекер, економски експерт од Сојузна Република Германија, кој доаѓа на местото на досегашниот германски советник Валтер Дефа, со тоа што во следните две години ќе биде редовно ангажиран во Владата и ќе работи активно со економскиот тим. На состанокот е поздравен фокусот на премиерот Заев и на Владата кон развојот на економијата и е разговарано за натамошната имплементација на проектите коишто се работат заедно со Германското друштво за интернационална соработка.
Телефоните сега се алатки за пристап до безгранични библиотеки со знаења. Целиот свет ни е буквално на дланка. Со оваа проклета корона надвисната над целото човештво, со забавено темпо на живот и работа, луѓето сега имаат барем малку повеќе време да посветат на својата писменост. Можат да направат нешто корисно, да помогнат, да станат почовечни… Ако не заради другите, тогаш заради себе – да изгледаат подобро, пописмено, попаметно. Колку и да мразат, барем да покажат ниво, па да се почувствува човек повикан да одговори.