Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на февруарските пензии од четврток, 25.02.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од четврток и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:
четврток 25.02.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
петок 26.02.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
понеделник 01.03.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
вторник 02.03.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари
За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, од банката апелираат при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.