ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Мијалков, драмолетка во два чина

February 24, 2021 14:02
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Колку сме осетливи на (не)правдата, а особено кога таа треба и се очекува да се манифестира врз некогаш неприкосновени моќници дебело нафатирани и влијателни, покажа случајот со Мијалков.

Крикот на јавноста и жестината на реакциите за овој случај покажаа дека сме желни за правда. И покрај тоа што секој си бркаше сопствена приказна и си бараше причини за тоа како и зошто се случи тоа да го снема еден од двајцата „најбарани“ од народот за „да си лежат“, на крај сè се сведуваше на тоа дека правда мора да има.

Сензитивноста на темата ги отера во аут и етничка припадност во лични карти и зошто сета таа шарада ни е потребна кога ЕУ ни кажува дека не е во согласност со европските регулативи, отиде во аут и Захариева со нејзините пецкања и идентитетски роварења, отиде за жал и Балашевиќ…

Кога разбрав дека побегнал Мијалков мојата прва реакција беше: Сето тоа од министер за внатрешни до обвинители треба да оди во пакет, другото е мижитатара.

Втората беше, кога го гледав Заев. Не ни требаат констатации, уште помалку изразување на жалење, сакаме одговорност и реакција одма. Во сета таа дводневна папазјанија Јовески и Рускоска, веќе ги гледав како минато, завршено време. За Спасовски кој као немал вина, најлогично ми беше – ок, еве и така да е, да немал директна вина, ама добро ќе биде као да си даде сам оставка од политички и морални причини – па еден требаше да чува и тој му побегна (добро, му се скрил), мајку му стара.

Вмровците на чело со Мицкоски пак, ликуваа. Во белата палата сигурно почнала и распределбата на ресорните министерства, Мицко веќе се видел во премиерската фотеља.

А, со кој образ лицемерите вмровски си ги подгреваа очекувањата само тие си знаат.

Прво Мицкоски бараше укинување на сите предмети од СЈО, сега бараат да се најде Мијалков. Небаре заборавивме што ли сè не направија и со какви уцени не се послужија и го опструираа донесувањето на Законот за Јавно обвинителство, за кој нели потребно е двотретинско мнозинство и кој овозможува континуитет во водењето на случаите од СЈО. Најди им крајот.

Нивниот Никола Тодоров вчера потсети како дојде Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ и како токму Мијалков во Мериот собирал потписи и врбувал делегати да го донесе на чело на партијата. Да беше ДПМНЕ на власт Мијалков не само што немаше да има потреба да бега, ами ќе си беше шеф на полиција. Тие ли сега ќе поткреваат глас и ќе бараат правда?

Не вие, абдали, ами сите ние го имаме сето право на овој свет да бараме одговори, да удриме на маса, да бидеме разочарани, да бараме одговорност. Вие сега има да се скриете во развратното дувло од белата палата и да молчите!

И би привиден епилог на драмата. Мафијозото пријавувајќи се во Јавното обвинителство со еден смешен изговор зошто не бил достапен за органите на прогонот навидум ја прекина драмолетката во два чина. Исколеничи Мијалков најпонизно. Наѕре од скришното дувло, ја подви опашката и дефинитивно ја избледи сенката која го следеше како страв и трепет што жари и пали. До вчера неприкосновениот газда на тефтер судиите се извини на јавност, на влада, на премиерот, на органите на прогонот… на сите.

Покрај тоа што остануваат да висат многу работи, несфатливо е како сè уште некои гледаат на овој поразен очајник како на фраер, а на чинот на предавањето, како на негов избор. Одлуката да се појави или не, била само на Мијалков, вели Лупевска во емисија со соговорникот Тодоров. Што сака со тоа да каже? Као тој што сакал прави? Ајде де, се премислил, онака – ај да не се заебаам си рекол ќе се појавам, ќе измислам смешка – во самоизолација бев имав 40 температура…? Очигедно е здраво нагазен мафијашот, да не се лажеме.

Заев и покрај сето препотување и покрај тоа што по којзнае кој пат се покажа како одличен кризен менаџер, сега мора да мавне на маса уште посилно и не само за мир во куќа. Граѓаните очекуваат правда. Тоа ова обвинителство не може да го испорача до крај. Рускоска бранејќи некои свои позиции се однесува како адвокат на Мијалков, не како главен обвинител кој треба да го гони. Како поинаку да ја разбереме нејзината несреќна изјава „Ако Обвинителството веднаш побараше притвор, ќе значеше прејудицирање на пресуда“?

И покрај епилогот од вториот чин и покрај деталната хронологија од Спасовски за тоа како се одвивале настаните, крајот на драмата не оди во прилог на органите на прогонот. Одговорност за претходно не изречен притвор е тема што уште држи, ако сакаме вакви случаи да не ни се повторуваат, а она што најмалку може Рускоска да направи после петок кога сите се надеваме главното уво да скапе во затвор, е сама да се повлече. Нема простор ни за еуфорија ни за резигнираност, многу е едноставно, работата сите треба да си ја завршат до крај. Другото се изговори.


Текстот е личен став на авторот.

Next Post

Министерството за култура во 2021 година со поддршка на проекти за развој, афирмација и промоција на културата и заштита на културното наследство

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk