ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ, рече Костадинов

February 24, 2021 15:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Правдата е тука, правдата е обезбедена, ќе ја има се повеќе и се почесто. Јавноста вчера сведочеше на нов дебакл на Сашо Мијалков и неговиот потрчко Христијан Мицкоски. Мицкоски, кој претходно ги призна сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат судски процеси, одново е поразен.“, истакна портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.

Костадинов рече дека се потонати се сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот и криминалците во својата партија.

„Пропаднаа лажните обвинувања за „политички монтирани процеси“. Исто како што не успеа ниту со блокирањето на Законот за преземање на пресметите од СЈО. На секого му е јасно, Мицкоски во заложништво ја држи целата партија единствено за да ги заштити Груевски, Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите други сегашни и бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред надлежните судови. Падна во вода единствената мисија на Мицкоски, поради која и беше поставен од Мијалков и Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега патот на правдата е чист, секој има да понесе одговорност! Институциите, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, презедоа силна, координирана акција со која се обезбеди правдата.

Преку силен одговор на државата, бегалецот Сашо Мијалков, беше спречен да ја напушти државата и принуден да се педаде. Обезбеден е неговиот притвор.

Правдата ќе ја има се почесто, а почести ќе бидат и вакви одговори на институциите кон сите кои се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото.

Обезбедувањето на присуството на бегалецот Мијалков не значи и ослободување на одговорност на оние поради кои се случи тој да биде недостапен до органите.

Очекуваме брза, ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кој довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти.

Дополнително, сите надлежни институции мора да имаат предвид дека навремено треба да се превенираат вакви обиди во иднина, имајќи предвид тежината на предметите за кои се водат судски постапки.

Редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритетит.“, потенцира Костадинов на денешната прес-конференција.

Next Post

Шахпаска: Наскоро започнува изградба на нова детска градинка во Јосифово, инвестираме во раниот детски развој

НАЈНОВО

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

October 28, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Брендан Роџерс поднесе оставка на клупата на Селтик

October 28, 2025
Фото: МИА

Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk