ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Наскоро започнува изградба на нова детска градинка во Јосифово, инвестираме во раниот детски развој

February 24, 2021 15:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната посета на Општина Валандово, заедно со градоначалникот на општината, Перо Костадинов и Спасе Додевски, Kоординатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост на Владата на РСМ, ги посетија Дневниот Центар за деца за попреченост и Детската градинка „Калинка“ во оваа општина, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Вложувањето во раниот детски развој претставува инвестиција во иднината на една држава. Валандово претставува една успешна приказна како треба да се одвива соработката помеѓу локалната самоуправа и централната власт,“ истакна министерката Шахпаска по посетата на детската градинка „Калинка“ која претставува еден современ, енергетски ефикасен објект изграден согласно европските и светски стандарди за згрижување на деца во предучилишна возраст.

Од страна на Министерството за труд и социјална политика беше изградена нова детска градинка во село Брајковци, која работи во склоп на детската градинка „Калинка“ и која е со капацитет за згрижување од 40 деца. А преку проектот за подобрување на социјалните услуги во најкраток рок треба да започне изградба на нов објект детска градинка во село Јосифово. Објектот треба да биде со капацитет за згрижување на 57 деца и истиот треба да биде изграден по сите светски стандарди за детска заштита и објект со високо ниво на енергетска ефикасност.

„Отворањето на градинки во рурални средини, во секое населено место, овозможува вклучување на децата во системот на предучилишно воспитание и образование, а од друга страна овозможува и нивните родители се вклучат на пазарот  на трудот,“ истакна министерката Шахпаска.

Министерката Шахпаска по посетата на Дневниот центар за деца со посебни потреби кој моментално го посетуваат 12 дечиња на возраст од 5- 14 години истакна дека заложбите на Министерството и општината се во насока на обезбедување на поголем опфат на деца со посебни потреби уште од најраната возраст , но и после четиринаесетата година.

Градоначалникот на Општина Валандово , Перо Костадинов изрази задоволство од досегашната соработка со Министерството за труд и социјална политика, за што потврдуваат досегашните реализирани проекти од областа на социјалната и детска заштита.

Next Post

Владата денеска ќе одлучува за драфтот на договорот за набавка на руските вакцини

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk