ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Донесена Одлука за мерката финансиска поддршка за радиодифузери од Пакетот 5, ЕУ поделена околу сертификатот за вакцинација, секторска соработка меѓу Македонија и Бугарија

February 24, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Владата на Република Северна Македонија денеска во рамки на 48-мата седница ја разгледа и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.Со Одлуката се одобруваат средства во износ од 50.000.000,00 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, а заради реализација на мерка три од петтиот пакет економски мерки, со која ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.

Урсула Фон Дер Лејен со најновиот потег многумина сметаат дека се обидува да ги смири скептичните Европејци во врска со вакцинта на “AstraZeneca”.Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лејен порача дека без никаков проблем би ја примила вакцината на “AstraZeneca”.Нејзиниот коментар доаѓа во моментите кога многу граѓани на Европа стануваат скептични во врска со оваа вакцина против коронавирусот и бараат да бидат вакцинирани со вакцина на друг производител, пред се со вакцината на “Pfizer” или “Moderna”.

Европските лидери утре ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за сертификат за граѓаните на Европската унија кои биле вакцинирани против Ковид-19, но извесно е дека членките на ЕУ не се согласуваат по ова прашање. Сега кога вакцинацијата се зголеми низ цела Европа, некои европски влади, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои веќе се вакцинирале, за да можат слободно да патуваат, јави Гардијан.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави дека попладнево во Софија се сретнал со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, со која разговарал за секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија. На враќање од посетата на Париз, застанав во Софија и се сретнав со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, со која разговаравме за секторска соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка, наведува Османи во објавата на Фејсбук.

САД ги ставаат човековите права на врвот од својата агенда, и се враќаат во Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ), соопшти денеска Стејт департментот. Во случај да бидат примени назад, САД имаат за цел да станат прв глас во советот за одбрана и почитување на човековите права.

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на февруарските пензии од четврток, 25.02.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од четврток и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Република Северна Македонија, со целосно потпирање врз мултилатералните механизми во обезбедувањето на вакцини, ги чувствува последиците на севкупниот неуспех да се спроведе во дело она за што силно се залагаме на зборови, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на онлајн министерскиот состанок на Алијансата за мултилатерализам, што на иницијатива на министрите за надворешни работи на Франција и на германија, Жан Ив Ле Дриан и Хаико Мас, се одржува на маргините на Високиот сегмент на 46-та сесија на Советот за човекови права на ООН.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Студија: Британската мутација предизвикува 64 % повеќе хоспитализации

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk