Забележан е раст на новзаразени, но не се загрозени болничките капацитети ниту во Охрид, Прилеп или Кавадарци, изјави утрово министерот за здравство Венко Филипче при посетата на поликлиниката „Букурешт“, каде беше доставена донација од „Стопанска банка“.
„Во моментот траат испитувањата на примероците во МАНУ, но во „Филип Втори“ велат дека се работи за британскиот сој во 70 отсто од случаите. Доколку е потребно, сите капацитети ќе се вратат во системот за лекување Ковид 19, рече Филипче.
Според Филипче, се следи дали овој тренд на раст на заболени ќе продолжи, и дали ќе ги загрози болничките капацитети за да може да се реагира.