ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Консултативна средба во Куманово за проектот „Учи паметно, работи стручно“

February 25, 2021 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука „Учи паметно, работи стручно“ денеска во Куманово се одржа консултативна средба на претставници на МОН, средните стручни училишта, бизнис-заедницата, стопанската комора, локалната самоуправа и други инволвирани стани кои преку дебата и размена на идеи ќе ги идентификуваат потребите од отворање  одредени профили и паралелки во средните стручни училишта.

Заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани рече дека Министерството активно работи на подобрување на средното стручно образование и целта е по завршување на училиштето, младите да имаат вештини и знаења кои ги бара пазарот на трудот.

– Направивме анализа што ни даде јасна слика за постојните профили кои ги нудат училиштата и каква е нивната усогласеност со потребите на компаниите. Анкетата на 450 компании од државата покажа дека 85 проценти се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, што е многу важно за создавање  стручен и квалитетен кадар, рече Шабани.

Тој истакна дека е важно да јакне довербата помеѓу компаниите и стручните училишта, затоа што ќе се продуцира кадар кој може да се вработи во компаниите. Шабани очекува конкретни препораки за потребите на пазарот на трудот и конкретни предлози за профили.

– Во април ќе ги операционализираме конкурсите и мислиме дека од идната учебна година можат да функционираат овие профили, рече Шабани.

Директорката на државното средно училиште-Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ Куманово, Весна Трајковска, рече дека ова училиште нуди формално образование и застапени се земјоделство, рибарство, ветеринарство, хемија и технологија, машинство и лични услуги, со поголем број профили, додека во рамки на неформално образование има одлична соработка со компаниите за преквалификација и доквалификација.

– Дел од професионалната пракса се изведува во училиштето, но и во компаниите во општината. Подготвени сме за сугестии и отворање нови профили и да се приспособуваме на потребите на пазарот на трудот, изјави Трајковска

Секретарот на општина Куманово, Александар Гелевски, истакна  дека денешната размена на идеи ќе придонесе за унапредување на средните стручни училишта во Куманово, ќе продуцира кадар кој ќе ги задоволи потребите на пазарот на трудот и крајно намалување на невработеноста.

Тој додаде дека општината постојано вложува во инфраструктура на училиштата. Во Куманово има три средни стручни училишта и еден регионален центар, поранешно стручно училиште, и во сите нив наставата се одвива на македонски и на албански наставен јазик./МИА/

Next Post

Состанок на Заедничкиот управен комитет за новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и Северна Македонија

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 10 славни мајки и ќерки кои го делат холивудскиот сјај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk