ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НАИТМ: Ако сакаме успешна туристичка сезона, да се вакцинираме и да се промовираме како сигурна дестинација

February 25, 2021 12:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако сакаме да имаме успешна сезона, мора да работиме уште од сега, да ја промовираме земјава и да се позиционираме. Доколку не стигнеме во каталозите на странските туроператори, многу тешко ќе ја продадеме дестинацијата. Но, исклучително важно е и државата да ја заврши својата работа – да спроведе имунизација што е можно побрзо, да покажеме дека сме сигурна дестинација, порача денеска Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија (НАИТМ).

Во рамки на Петтата македонска туристичка берза, НАИТМ апелира за промоција на земјата да се искористат и сите дипломатски конекции.

-Имаме преку 70 странски тур-оператори буквалкно од цел свет, пријавени од Канада и САД, но во најголем дел од Западна Европа. Продуктот што го нуди земјава и потребата на странските туристи во моментов од Западна Европа, комплетно се совпаѓаат. Ние треба да направиме промоција и да ги пресретнеме тие потреби со нашата понуда, истакна претседелот на НАИТМ, Влатко Сулев.

Според Асоцијацијата која е организатор на Берзата, домашниот туристички сектор мора да се прегрупира и да се подготви за периодот што следи, зашто отворањето на границите е се поблиску, а туристите веќе ги планираат своите одмори.

-Тоа што следи, треба да се искористи. Ако сакаме да имаме резултати, мора да си изработиме домашната задача пред да се отворат границите. Ова ни е шансата да по овој тежок период, сите заеднички да ставиме акцент на отворање бизнис можности, рече Сулев.

Тој најави интензивна промоција на земјава за нејзино, како што рече, успешно позиционирање на странските пазари.

-Да се искористат и сите дипломатски конекции за да не бидеме како лани – држава во која не може да се пристигне. Едно од решенијата е тоа што го предложивме, а Владата го прифати – бесплатни ПЦР тестови за странски туристи, порача Сулев.

Утре, информира, домашните тур-оператори и хотелиери виртуелно ќе имаат средба со еминентни колеги од странство.

-Пред пандемијата овој сектор во континуитет имаше зголемување на бројот на туристи, но и во делот на приходите. Ние како Министерство и како Влада сме повеќе од заинтересирани да го поддржиме овој многу важен сектор. Како што направивме со претходниот сет мерки, така ќе продолжиме и со петтиот, а истовремено годинава ќе бидат импементирани и сите програми кои произлегуваат од Стратегијата за развој на туризмот, истакна Бектеши, додавајќи дека над 70 странски тур-оператори ќе бидат во контакт со нашите туристички агенции со цел да се привлечат што повеќе туристи.

Експо делот на Петтата македонска туристичка берза ќе биде проследен од преку 30 светски новинари од областа туризам, меѓу кои соработници на „Форбс“, „Лоунли планет“ и „Нешнал џиографик“. Настанот, како што рекоа од НАИТМ, го следат и стотина регионални тур-оператори./МИА/

Next Post

Џoлев: За домашниот притвор на Мијалков судот одлучуваше во најбрз можен рок

Shortcut

Најново

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk