ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи во Софија на средба со Захариева: Бугарија ја подржува евроинтеграцијата на земјава со исполнување на соодветни услови

February 25, 2021 07:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на договарање на втората меѓувладина конференција меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија, беа една од темите на вчерашната средба во Софија меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Екатерина Захариева. По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување на соодветни услови.

Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата Османи – Захариева биле разгледани актуелностите поврзани со кризата од Ковид-19 и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици, при што шефицата на бугарската дипломатија потврдила дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за земјава.

– Во продолжение на средбата се разговараше за Акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на евентуално договарање на втората меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева. Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка и приликата ја искористија и за размена на мислења и за други теми од заеднички интерес за двете страни, се додава во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека за време на неформалната средба биле разгледани билатералните односи, европската перспектива на Република Северна Македонија и предизвиците со кои се соочуваме за време на пандемијата Ковид-19.

Според бугарското МНР, Захариева на средбата ја потврдила принципиелната поддршка на Софија за европската интеграција на Северна Македонија, со исполнување на соодветни услови.

– Двајцата министри ја разгледаа заедничката работа за исполнување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 година и разговараа за претстојното свикување на меѓувладината конференција, која ќе се одржи кога двете страни ќе го одобрат нацрт-протоколот. Бугарската страна посочи дека според Договорот од 2017 година, на идниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија треба да се направи целосен преглед на спроведувањето на Договорот, да се усвои годишен извештај за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и да се посочат конкретни идни активности за соработка, се додава во соопштението на бугарското МНР.

Во исто време, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), Томаш Стражај порача дека политичката поддршка на Словачка за почеток на преговори на земјава со Европската Унија е многу јасна и Братислава е посветена на таа поддршка.

– Јасната поддршка за почеток на преговори беше потврдена од страна на Словачка заедно со Република Чешка, на крајот од минатата година, на Самитот на ЕУ, каде што овие две земји одбија да се согласат со неправичните услови што ги наметнаа некои земји членки на ЕУ во однос на процесот на интеграција на Северна Македонија во Унијата, рече Стражај на онлајн дебатата на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија „Аерозагадувањето од аспект на загревањето на домаќинствата и јавните установи“.

Тој потсети дека поддршката на Братислава беше потврдена и со неодамнешната посета на шефот на словачката дипломатија Иван Корчок на земјава и изрази надеж дека ќе бидат отстранети пречките за усвојување на преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ и оти тоа ќе се случи за време на португалското претседателство, порачувајќи дека земјава треба да се посвети на реформите, посебно на борбата против корупцијата. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Саиф ал-Адел или „мечот на одмаздата“ е новиот лидер на Ал Каеда, се смета за поопасен од Бин Ладен

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk