ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека жената ќе се нарекува „родител кој раѓа”

February 25, 2021 11:07
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук пост, во којшто е споделен медиумски напис, ја дезинформира јавноста дека се воведуваат нови правила, со кои наместо мајка, жената ќе се нарекува „родител кој раѓа“, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, којашто подолу ја пренесуваме во целост.

Во оваа објава, која во моментот на нашата рецензија има над 45 интеракции (реакции, споделувања и коментари), се вели:

„Сатанисти !!!

Орвел го предвиде овој новоговор во неговата 1984

Покрај новоговорот предвиде и опиша многу други работи кои се сега во најава или се во тек, како целосна контрола на животот на секоја индивидуа, компјутеризација и строг софтверски одреден и 24 часовен контролиран живот. Детекција на сите емоции и санкционирање на индивидуите кај кои се забележани емоции и чувства на љубов и сочувство…
Според мене оваа работа тешко дека ќе може да се спречи, со оглед на огромен број луѓе кои се далеку од можноста да ја согледаат оваа реалност.
Новата цивилизација зависи од малкумина, но сепак освестени луѓе кои ќе имаат храброст и сила да внесат нова и чиста енергија во овој свет на човечки битиа…“

Во прилог на постот е линкуван текст со наслов: „Нови правила: Наместо мајка, жената ќе се нарекува родител кој раѓа“. Оваа насловна конструкција не прецизира дека содржината се однесува на Велика Британија и тоа само за една болничка групација од Брајтон (вкупно две болници), така што има елементи да се оквалификува и како „клик бејт” наслов. Клик бејт насловите се поставени со намера да привлечат што повеќе читатели да го кликнат насловот и да генерираат сообраќај на интернет страницата, ама со содржина која ќе биде делумно скриена во насловот.

Но, да видиме за што се работи.

Во текстот и во насловот има контрадикторни тврдења. Болница во Брајтон, Велика Британија, се одлучила да користи термини во својата внатрешна комуникација кои ќе ги вклучуваат сите полови за своите услуги за породување. Јазичните промени нема да се применуваат кога со пациентот ќе се седи „еден на еден”, а ќе се однесуваат на секој граѓанин поединечно.

Нашиот пристап е внимателно да ги вклучиме и трансродовите лица и лицата со небинарен пол без да ги исклучиме жените и мајчинството, велат од болницата.

Термините мајка и мајчинство не се исклучуваат од терминологијата која персоналот ќе ја користи со жените и мајките во нивните индивидуални случаи на породување и мајчинство. Меѓутоа, кога во болницата ќе дојде личност со небинарен пол, тогаш болницата ќе го адаптира својот вокабулар спрема нејзините потреби. Ова адаптирање само ги вклучува овие лица, без притоа да влијае на каков било начин на мајките кои се жени.

На својот профил на Твитер, болницата јасно истакнува дека НЕМА ДА ГО ИСКЛУЧИ од својот правилник јазикот за обраќање кон мајките и жените.

Today we are launching the UK’s first clinical and language guidelines supporting trans and non-binary birthing people.

Follow us as we post throughout the week.

Find out more on our webpage
➡️ https://t.co/EPaesy4RWN#transpregnancy #nonbinarypregnancy #genderinclusion pic.twitter.com/qgzhJ2e6On

— Brighton and Sussex Maternity (@BSUH_maternity) February 8, 2021

Директорот на кампањата Шеј Браун изјавил дека секој е вреден да се третира со достоинство кога користи здравствени услуги, без разлика на тоа што е.

Го пронајдовме и оригиналното упатство од болницата насловено: „Перинатална грижа за транс и не бинарните лица“, каде на страница 9 пишува:

„Медицинските професионалци, секогаш треба да им се обраќаат на луѓето со користење на јазикот што самите пациенти ќе го одберат. За некои луѓе личните заменки може да се променат со текот на времето, така што медицинските професионалци трба да се водат по тоа и да ги нарекуваат луѓето онака како што тие самите се нарекуваат себеси. Да му се обратите некому со погрешен пол, на пример, со таа, а не со тој, со користење на погрешно име, или да му се обратите на некого со ,,мајка”, а тие не се идентификуваат така, може понатаму да предизвика штета кај транс и небинарните лица и да ја интензивира половата дисфорија (психолошка траума -н.з.).“

На 10 страница од упатството, пак, пишува:

„Родителите ќе одберат самите како сакаат да им се обраќате. Персоналот не треба да користи термини како ,,мајка” или ,,мама” по дифолт за трансродовите и небинарните родители, освен ако тие самите тоа не го преферираат експлицитно, за да се избегне предизвикување штета и предизвикување полова дисфорија.“

Оттука, јасно е дека болницата воопшто не ја забранува употребата на терминот „мајка“ за жените кои тоа го сакаат. Нивното упатство се однесува на вклучување на дополнителна терминологија за другите лица, кои ги користат нивните услуги, а кои се трансродови. Меѓутоа, во насловот на текстот што го рецензираме, ова е погрешно пренесено и се тврди: ,,Нови правила, наместо мајка жената ќе се нарекува родител кој раѓа”.  Дури во последниот пасус од текстот  се објаснува што, всушност, болницата одлучила и тоа во пасус што е контрадикторен со насловот.

Изјавата понатаму беше објаснета на Твитер, каде тие посочуваат дека поимите: мајка, мајчинство или татко, во никој случај не се забранети, само на персоналот ќе им биде укажано „да користат јазик што го одразува идентитетот на пациентот“.

Нашата проверка на факти покажа дека е дезинформација оти терминот „мајка“ се заменува со ,,родител кој раѓа”. Терминот „мајка“ останува за сите мајки, а терминот родител кој раѓа се однесува на сите трансродови личности кои тоа ќе го побараат.

Непрецизноста во насловот, исто така, е во тоа што не е прецизирано дека новата терминологија за вклучување на трансродовите личности во болничките услуги се однесува на Велика Британија, а не на Македонија,пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk