ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Работиме на ново законско решение за посовремено утврдување на материјалите во образованието

February 26, 2021 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов работиме на ново законско решение кое ќе значи посовремено утврдување на материјалите кои што ќе се користат во образованието затоа што учебниците не се единствениот извор. Токму затоа сега, оние материјали, како дидактичките, ќе се посочуваат на училиштата дека може да ги користат и да ги дистрибуираат до учениците, секако не се тие единствениот извор, сите други извори на информации ќе можат да им бидат посочувани на учениците за да можат да ги користат понатаму, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска при консултативната средба во Гостивар.

Одговарајќи на новинарско прашање околу тоа до каде е процедурата за учебниците по музичко, односно зошто уште не се отпечатени, Царовска нагласи дека е значајно сите учебници коишто се во процедура понатаму да се користат и електронски.

–  Заради тоа што сметаме дека на тој начин ќе имаме можност учениците да имаат пристап до нив, но исто така печатењето и се она што ќе значи пристап до тврда копија од одреден материјал ќе биде овозможено преку училиштата. Само кај нас има една тенденција на предавање на учебник наместо предавање на програма, потенцираше министерката за образование и наука.

Таа околу одржувањето на државната матура, рече дека најзначајно е тоа што нашата држава останала на патеката на развиените европски земји, со тоа што годинава организирала матура.

– Минатата година сите земји и во регионот и во Европа организираа матура, а нашите ученици останаа незапишани на факултетите надвор од државата заради тоа што државата не успеа да организира матура. Затоа сум навистина среќна и сметам дека матура се одвива во стандардот којшто е потребен, а тоа е полагање на четири предмети. Остануваме на патеката да имаме матура која што е соодветна со полагање на четири предмети што ќе бидат спроведени во наредниот период во соработка со сите засегнати страни, посочи Царовска.

Министерката истакна дека во моментов работат на нов концепт за матура којшто ќе биде во пракса од наредната учебна година. /МИА/

Next Post

Битиќи: Со оперативниот план за вработување, сите кои ги изгубиле работните места поради Ковид, ќе ги вратиме назад на пазарот на трудот

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk