ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Карванот „Учи паметно, работи стручно“ продолжи со консултативна средба во Гостивар

February 26, 2021 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на проектот „Учи паметно, работи стручно“ во Гостивар се одржа консултативна средба помеѓу претставници на Министерството за образование и наука, средните стручни училишта, бизнис-заедницата и локалната самоуправа. Преку дебатата која се водеше, инволвираните страни треба да разменат идеи за ги идентификуваат потребите од отворање одредени профили и паралелки во средните стручни училишта.

Министерката за образование и наука Мила Царовска ја нагласи потребата од креирање на профили за кои е потребно навремено да се отворат конкурси и тие да бидат според потребите на бизнис секторот. Таа најави и конкретна финансиска поддршка за изучување на струките кои им се потребни на компаниите.

–Со овие средби пред сè утврдуваме кои профили се потребни на пазарот на труд и да се отворат паралелки за претстојната 2021/22 учебна година. Сметаме дека училиштата се флексибилни да ги приспособат програмите заедно Центарот за стручно образование. Од друга страна пак од компаниите очекуваме да ги отворат вратите за пракса. На тој начин, тие ќе остручат, а од друга страна ќе ја научат културата и динамиката на работењето со што ќе станат повработливи, изјави Царовска.

Таа потенцираше дека во правецот на делување и за оваа намена, Министерството ќе стипендира профили кои низ овие дебати се покажале како важни за реалниот сектор. По средбата, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани рече дека Министерството активно работи на подобрување на средното стручно образование и целта е по завршување на училиштето, младите да имаат вештини и знаења кои ги бара пазарот на трудот.

Градоначалникот на Општина Гостивар потенцираше дека во општината функционираат три стручни училишта притоа истакна дека од целиот проект очекува да придонесе за унапредување на средните стручни училишта во Гостивар и да се продуцира кадар кој ќе ги задоволи потребите на пазарот на трудот и намалување на невработеноста.

Претходно вакви средби се одржаа во Свети Николе, Куманово и во Штип, а ќе продолжи денес во Кичево. Овој процес, Министерството за образование и наука го реализира во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија./МИА/

 

Next Post

Заев: Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk