ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Младински сојуз: Младите од Северна Македонија и Грција веруваат во заедничката иднина

February 26, 2021 10:07
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО

Младите од Северна Македонија и од Грција веруваат во заедничката соработка и иднина. Треба да им се даде глас за да создадат подобри механизми за меѓусебна соработка и да се запознаваат едни со други преку различни начини и активности. Ова е заклучокот од дводневната конференција што се одржа во Скопје за основање канцеларии за младинска соработка меѓу двете држави.

Истражувањето за перцепцијата на младите, што го направи Младинскиот сојуз, а кое беше презентирано на конференцијата, покажува дека младите од Грција ретко патуваат во Северна Македонија (37 отсто), за разлика од младите од Северна Македонија кои значително повеќе патуваат во Грција (83,6 отсто). Но, двете страни веруваат дека има простор ова да се промени. Така, 86 отсто од младите во Грција сакаат да патуваат во Северна Македонија и идентичен број на млади од земјава (88 отсто) како своја омилена дестинација за патување би ја избрале Грција.

– Главните причини за досегашните патувања на младите биле туризмот или сезонска работа што е секако позитивно, но резултира и со недоволно информации и можности за меѓусебно запознавање и иницирање на соработка. Младите од двете соседни земји веруваат дека токму тие и граѓанскиот сектор се одговорни да креираат подобри можности за меѓусебно запознавање. Тоа ме охрабрува дека ваквите заклучоци од истражувањето дополнително ќе ги мотивираат надлежните институции од двете земји поинтензивно да соработуваат, а со цел креирање на подобри услови за работа и поврзување на младите што е од интерес на сите, вели Методија Стојчески, извршен директор на Младински сојуз  – Крушево.

Во рамки на истражувањето за перцепциите на младите луѓе, преку интервјуа, анкета и фокус групи беа вклучени над 700 млади од двете земји на возраст меѓу 18 и 35 години.

На дводневната конференција, како што денеска информираа од Младинскиот сојуз, сите учесници се согласиле дека Договорот од Преспа бил важен чекор за нормализирање на односите меѓу двете земји и позитивен чекор напред во однос на институционалната соработка. Врз основа на ова, и владите на земјите треба да го вложат своето политичко влијание за да создадат директен механизам за конкретни младински активности меѓу двете земји.

За време на конференцијата е креиран и предлог документ со политики и активности кој ќе биде испратен до министерствата за надворешни работи на двете земји.

Конференцијата е финален дел од првата фаза на спроведување на иницијативата за основање на канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција од страна на Младински Сојуз – Крушево. Проектот е поддржан од амбасадите на Германија и САД и целта е да се основаат повеќе билатерални младински канцеларии во двете соседни земји. Веќе се отворени првите две младински канцеларии со локации во Солун и Валандово, а над 500 луѓе се вклучени во различни програми за размена на знаења и искуства.

Next Post

Јанкулоска од Идризово спроведена до Кривичниот суд

НАЈНОВО

Скриншот

Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк

August 28, 2025
Скриншот

Трамп ја отпушти директорката на Центрите за контрола и превенција на болести Сузан Монарез

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk