ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Згурата од велешката топилница ќе се сепарира на струја и од март забрзано ќе се извезува

February 27, 2021 14:39
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сепарирањето на минералната техногена суровина од отпадот на депонијата на некогашната Топилница во Велес ќе се работи на струја. Инвестицијата на концесионерот, компанијата „Кепс Монт груп“, во довод за електрична енергија со должина од 1.200 метри е завршена, а деновиве се очекува ЕВН да го изврши и поврзувањето со мрежата. Ова беше еден од условите да се забрзаат работите во одвојувањето на троската и извозот на материјалот. Сепарирањето на суровините насобрани во црниот рид досега се правеше со помош на генератори, но потребите на откупувачите за поголеми количини, како и за побрзо расчистување на депонијата ја условија оваа инвестиција, известува Мета.мк.

Концесионерот најавува дека од следниот месец ќе се работи во три смени на ископ, сеење, товарење и транспорт на суровината од олово-цинковата јаловина на локацијата „Баш колиби”. Се очекува покрај извоз во Србија и Албанија, да почне и веќе најавуваната соработка со партнер од Турција.

„Изминатите месеци работевме согласно со временските услови со намалена динамика и извоз. Како што планиравме во овој период ја завршивме и инвестицијата во обезбедување на електрична енергија за потребите на сепарацијата и од март стартуваме со зголемена динамика за да ги задоволиме потребите од суровина на откупувачите. Со оглед на тоа дека сега се создадени услови за работа, доколку има потреба ќе монтираме и уште една сепарација и ќе го дуплираме капацитетот“, посочуваат од „Кепс Монт груп“.

Во двете соседни земји, како што беше најавено, ќе се извезат и ќе се преработат околу 300.000 тони од суровината, откако ќе биде исчистена од отпадот што со години се таложел во неа, а остатокот треба да го откупува компанијата од Турција, која има капацитети за преработка на Блискиот Исток. Првично, троската од Велес требаше да се извезува во Малезија, но оваа земја на почетокот од минатата година забрани увоз на отпад.

Извозот на суровината беше условен од претходното сепарирање, пред се од градежен, но и комунален шут, па и апарати од домаќинство, кои со децении се таложеле на депонијата. Тој ќе биде депониран на општинската депонија за оваа намена, која ја стопанисува јавното комунално претпријатие „Дервен“. Се проценува дека, во црниот рид, кој е последица од работата на некогашната Топилница и кој има околу 1,8 милиони тони отпад, има шест до десет отсто цинк, помеѓу 2,2 и 3,4 отсто олово и 25 отсто железен оксид кои можат да се искористат како секундарна суровина, но има и други опасни метали како кадмиум, бакар, арсен, индиум, талиум… Целата операција на сепарирање и транспорт на згурата ќе потрае помеѓу четири и шест години.

Next Post

Од утре пониски температури од 7 до 10 степени

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk