Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, изјави денеска дека се радува што се покажале како неточни неговите тврдења дека се укинува Катедрата по македонски јазик и македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје.
„Се радувам што на Филолошкиот факултет не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и книжевност. Посакувам во идните реорганизации на Факултетот, рамо до рамо со различните отсеци, секогаш да бидат вклучени и отсеците за македонски јазик и јужнословенски јазици и за македонска книжевност и јужнословенска книжевност. Сите досегашни изјави и текстови поврзани со ова се мои лични изјави, со една единствена цел, заедно и достоинствено да ја прославиме годината на Блаже Конески“, изјави, за Канал 5 академик Коцарев откако ја разбранува јавноста, а посебно универзитетските кругови, со тврдењето за укинување на Катедрата по македонски јазик.