ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Тензично во аптеката, ќелава работа

March 1, 2021 21:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Фото: ajay saxena / Pixabay

Фото: ajay saxena / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во аптека внатре, двајца, нели корона редишта. Аптекарката со муштерија кој беше некаде моја возраст и тука-некаде и со „бујна“ коса како мојава.

– Дали го имате испробано овој шампон против опаѓање, оној шампон, онаа купка, тој препарат… ја гледам кутрата аптекарка како се мачи да му угоди на муштеријата кој речиси сè од понуденото имал испробано и гледано од мое искуство, тешко дека ќе му го најде лекот.

Кој им е лекот пак на мишевите од помалецките партии од владејачката коалиција кои сега баш решија да се борат за место под политичкото небо, кој ќе ти знае. Поткренале глава, ќе се осамостојувале парламентарно за да им се слушнел гласот пред локалните избори, велат. Тоа дека ама ептен ќорав момент одбрале за да се куропецаат, било нивно легитимно право и немало врска со одржливоста на коалицијата. Легитимно било тоа вели и Заев, ама не ги поштеди за безвеза одбраниот момент. Онаа фраза – кога си најслаб скапаниците тогаш најсилно се обидуваат да удират, не е моја измислена, мора да е од некоја политичка доктрина. Ама се заебаа овој пат, жилавково е премачкан со сите мевлеми. Се надевам дека нема да им прости, ама попусто, ваков како што го дале, сигурно ќе помине и преку ова.

Инаку сите сме лути и сите сме гневни за начинот на кој се испорачува правдата, но навистина, што сакаме од Заев, да ни ја испорача правдата, или правосудството? Она што премачканиов овозможува, е правниот систем сега да ги има сите услови за да одлучуваат самостојно и по закон, а не со притисоци од моќници, политичари и бизнис-мафијаши. После изрекувањето на онаква затворска казна за Мијалков им секнаа шпекулантските дил обвинувањата со кои така – раат си се расфрлаа. Ама сега апелација, ама сега ќе побегне, ама сега… Што, ама сега? Добро, имаше и такви кои не отстапија од позициите ни милиметар и обвинуваа за драконска казна, ама тие се за посериозна опсервација. Главно предничеа таквите кои бришат постови од социјалните мрежи, поради промаршена прогноза. Жал ми е за нив.

Срамот пак на денот, оној институционалниот и академски, оди на претседтелот на МАНУ, Коцарев и неговата лажна вест за наводното укинување на Катедрата на македонски јазик при УКИМ. Прва го замава раководителката на Катедрата проф. Искра Пановска. „Сакам да укажам дека станува збор за чисти измислици, но и уште пострашно – за опасни манипулации и инсинуации истовремено“ – реагираше проф. Пановска. Потоа со демант на лажните вести и манипулациите реагираше Деканатот на Филолошкиот факултет, за на крај да го изнатепа целата македонска јавност. Откако пукна срамот, претседателот на МАНУ вели – мило му било дека згрешил. Види молим те?! Му кажал ли некој на Коцарев дека е претседател на најпрестижната научна институција во државата (бар на хартија), и дека неговиот збор има тежина поголема од некои други личности (еве да речеме на пример од шупелки како Сотир ала екперт од Само вистина). Не дека Коцарев е нешто поразличен од Сотирчо, ама барем позицијата која ја има во МАНУ треба му има тежина. Нека не се прави недоветен, тој добро знае на кого му одговараат овие сега и вака пласирани манипулации.

Додека Филипче не сака да манипулира со конкретен датум за пристигнување на вакцините за да почне колективната имунизација и прпелка со млаки изговори, Димче им се закани на големите светски фармацевтски компании со одземање на патентното право за производство на вакцини. И тоа сериозно се закани, на Фејсбук. Вајс-директорицата од генералштабот од Фајзер го прочитала тоа и ја мавнало грижа за сигурноста на нивната компанија, па ми ѕвони:

„Срц, овој вашиов Димче сериозен ли е, со заканиве. Кажуј дарлинг, да знам да се организираме во Фајзеров со правни тимови, експерти и чуда.“, ми вели вајс-директорица Лидија Фонсека.

Ме фати во небрано и немав одма одговор, само и реков – „Не знам дарлинг, онаков разлепршан во фризот, мене ми изгледа како доста сериозен батка, башка пред некој ден тој и неговата партија им се закани со официјално писмо и на Шпанците. Би бил внимателен и на штрек, да сум на ваше место, Димче не е заебанција“

Во аптеката почна да станува нервозно од оној батка со оскудниот фриз што си го бараше чарето. Надвор веќе се направи редица од десетина луѓе,

„А да почнете да си ја шишате на нула, што мислите за таа идеја? Погледнете, на дечково што стрпливо си чека ич лошо не му стои, туку напротив?“ и прекурчи на аптекарката и го искористи моето ќелаво присуство за да го потера редот и ја намали тензијата. со момакот.


Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk