ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Компаниите нема да задоцнат со апликациите за финансиска поддршка за плати ако Собранието го донесе законот за 10 дена

March 2, 2021 13:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите нема да задоцнат со апликациите за финансиска поддршка за плати за февруари ако законското решение влезе во собраниска процедура и биде изгласано наредните десет дена, рече денеска вицепремиерот, Фатмир Битиќи.

Друг модалитет нема, нагласи Битиќи, освен Собранието најпрво да го донесе законот, за потоа тој и да се спроведе.

Одговорајќи на новинарски прашања на работната средба во Стопанската комора на Македонија, Битиќи објасни дека законското решение за поддршка на платите било испратено пред 15 дена до Собранието, поради што и се сметало дека има доволно време да биде донесено.

-Кога го креиравме законското решение за финансиска исплата на плати, поучени од претходните искуства, негативни, за жал, направивме за финансиската поддршка за февруари компаниите да можат да аплицират во целиот период од март. Тоа значи дека нема да има законски – мора да аплицирате до 10 март за да добиете финансиска поддршка. И затоа чекаме. Дури денеска ако законот влезе во собраниска процедура, на комисија, а во наредните 10 дена да се изгласа, компаниите ќе бидат навреме со нивните аплиакции, со тоа што ќе може да падне одреден товар врз нив да мора да ги платат платите во овој временски период па ние да им вратиме одредни средства, но тоа е начинот кој сметавме дека е најрелевантен за да го покриеме и февруари. Ако тоа не се случи, навистина ќе жалам, но мислам дека доблеста кај пратениците ќе биде малку поголема од нивните дневно-политички агенди,  рече вицепремиерот.

За жал, дополни Битиќи, тоа е цената на демократијата.

-Ние сме извршна власт, а Собранието ќе треба да ги донесе законите за да се спроведат. Нема друг модалитет. Сметавме дека првиот ден кога се донесоа мерките беше сосема доволно време, 15 дена до почетокот на месецот. На 15 февруари беше испратен законот во Собранието, пред 15-на дена. За жал, извршната власт може до одреден сегмент да направи притисок, но Собранието е независно, пратениците и пратеничките групи одлучуваат кога ќе направат кворум за да го прави Собранието тоа што треба да го прави. Не би кажал дали има друг модалитет, повтори вицепремиерот.

Тој потсети дека и други законски решенија кои претходно, во ноември и декември 2020 беа доставени во собраниска процедура, не биле ставени ниту на комисија, ниту на пленарна седница.

Апел да не ги кочат законите испрати и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

-Мерките кои беа преточени во законски решенија, за акцизите, за екстра лесното гориво, за случајот со ГА-МА, чекаат на одблокирање во Собранието. Уште еднаш апелирам да се направат напори и тоа да се надмине, рече Азески.

Тој од вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими побара да пренесат до Владата и до Собранието дека приватниот сектор инсистира на брзо, ефикасно разрешување на прашањата ако се сака постигнување некаков натамошен развој.

На прашањето во каква состојба е бизнис секторот, Азески одговори дека е подобро од она што се очекувало.

-Подобро поминаме од што се надевавме. Мислам дека тоа е плод на сериозна активност на приватниот и на јавниот сектор кои од почетокот на кризата делуваа заеднички. Направивме пропусти, но хибернацијата што беше потребна за преживување мислам дека ја направивме. Дали нашите предвидувања ќе се остварат, е прашање кое е поставено на светско ниво. Мислам дека кризата ќе потрае повеќе од нашите предвидувања и дека ќе се прилагодуваме на неа, истакна Азески.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Можно е договор за ослободување на заложници да се постигне за неколку дена

July 11, 2025
Учесници на „Маршот за мир“ во Поточари, 10 јули 2025 Фотографија: исечок од видео на БИР ТВ

30 години од геноцидот во Сребреница: Учесниците на „Маршот на мирот“ синоќа пристигнаа во Поточаре

July 11, 2025

Мицотакис за „Билд“: Грција не е отворен коридор кон Европа

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk