ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Лани за 84,5 отсто помалку пристигнувања од Северна Македонија во Грција

March 2, 2021 13:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од над три милиони пристигнувања во 2019 година по копнен пат од Северна Македонија во Грција, лани, поради пандемијата и затворените граници, бројот се намалил на 500.000, односно регистриран е пад од 84,5 отсто, согласно податоците од Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, во 2019 година, биле регистрирани вкупно 3.250.120 пристигнувања по копнен пат од Северна Македонија во Грција, наспроти 503.894 лани, од кои 311.706 пристигнувања се во првите два месец од 2020 година, односно периодот пред почетокот на пандемијата.

Во јануари регистрирани биле 149.020 пристигнувања, за 90.8 проценти повеќе од истиот месец во 2019 година, во февруари 162.686, речиси на исто ниво како и една година претходно, а падот започнува од месец март, по воведените први рестрикции, по што следат два месеци кога границите целосно беа затворени.

По отворањето и тоа само на одредени граничните премини, влезот во Грција беше забранет за државјани на трети земји, одлука што сè уште е во сила, па така во летните месеци, односно во периодот од јуни до септември, регистриран е пад од 94,5 до 97,6 отсто на пристигнувањата по копнен пат од Северна Македонија.

– Во периодот јануари-декември 2020 година регистрирано е намалување од сите соседни земји. Конкретно, најголемото намалување на апсолутните разлики го бележи Бугарија -4,7 милиони / 77,6 отсто, додека најголемото намалување на процентуалните разлики го бележи Северна Македонија -2,7 милиони / 84,5 проценти. Намалувањето од Албанија изнесува -1,4 илјади / 72,7 отсто, а од Турција на -849 илјади / 78,1 проценти, пишува во извештајот со статистичките податоци од Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси.

Во однос на општата слика на грчкиот туризам во 2020 година, бројот на патници во Грција се намалил за 76,5 отсто, односно на 7,37 милиони, од 31,34 милиони една година претходно.

Со меѓународни летови, пристигнувањата биле за 72,5 отсто намалени, а слична е сликата и во однос на пристигнувањата од странство по копнен пат, каде што има пад за 78,7 проценти.

Next Post

Компаниите нема да задоцнат со апликациите за финансиска поддршка за плати ако Собранието го донесе законот за 10 дена

НАЈНОВО

Албанија се опремува со напредно израелско оружје

November 16, 2025

Во потрага по техносигнатури – мистериозните сигнали што го разбудија човештвото

November 16, 2025

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk