ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Заев: Опозицијата со месеци бара гласање за недоверба на Владата, за денеска и да не бидат присутни кога јас го отворам прашањето

March 3, 2021 18:09
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

„Како што претходно реков, денеска одлучив да излезам пред вас пратениците во македонскиот парламент и да се повикам на ставот 1 од членот 93 од Уставот и на ставот 2 од членот 217 од деловникот за работа на Собранието и да побарам од вас пратениците од собранието да гласате за доверба на владата. Ставот 3 од членот 217 од деловникот за работа на Собранието ми овозможува да ви се обратам и да ви ги образложам причините и аргументите зошто го преземам овој чекор“, изјави премиерот Зоран Заев пред да биде изгласана доверба на Владата.

Во продолжение обраќање на премиерот Заев.

„Претходно дозволете да објаснам за храброста за која што ме повика опозицијата преку процедуралните прашања. Членот 217 став 2 ја дава можноста на претседателот на Владата да побара барање за доверба на владата и вели “во случај кога прашањето за доверба на владата го поставува претседателот на Владата усно на седница на Собранието, Собранието гласа за доверба  на владата на истата седница без расправа“,  и да точно е дека јас сум прв премиер кој што бара доверба на владата од самостојноста на нашата, и да точно тоа е дека тоа е и храброст, но одговорност и решителност и апсолутно грижа за институциите, за граѓаните, за економијата и за стопанството.

Шест месеци како ја добив честа да ја водам оваа влада, 6 месеци опозицијата вели дека оваа Влада ќе ја срушат, ќе падне дека нема да има доверба. Веќе има 3-4 месеци како најавуваат недоверба на владата, постапки за недоверба на владата, гласање за недоверба на владата за да денеска дури и не бидат овде присутни кога јас го отворам прашањето за доверба на владата.

Затоа, еве денеска одлучив јас да излезам пред вас и да се повикам на член 93 став 1 од Уставот и на став 2 од Членот 217 од Деловникот за работа на собранието и да побарам од вас, пратениците во Собранието, да гласате за доверба на Владата.

Овој член ми овозможува да ви се обратам по тој повод и јас низ моето обраќање ќе ви ги образложам причините и аргументите зошто го преземам овој чекор.

Граѓаните на нашата земја на изборите на 15 јули минатата година го направија својот избор. Овој избор и гласот на граѓаните беа против блокадите, против обидите да закочи правдата, да се запре напредокот, против обидите за враќање назад.

Врз основа на овие принципи и довербата на граѓаните беше формирано мнозинството а со тоа и избран актуелниот состав на Владата кој беше изгласан со потребниот број гласови на пратениците.

Со оваа моја постапка денеска, еве ме, застанувам пред вас, и во име на целата влада, во име на сите министри и коалициони партнери ја преземам одговорноста и ви давам можност да се изјасните и да гласате за доверба на Владата.

Ред е да се соочиме и да расчистиме: Да го видиме на дело тоа толку најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое, наводно, ќе ја падне  оваа Влада.

Да и дадеме на јавноста шанса да види колку се празни овие зборови и дека се искажуваат со единствена цел да создаваат лажна слика за силата на опозицијата и за наводната разнишаност на владината коалиција.

Или, пак, ќе се види дека владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период.

Денес ќе се види дека оваа владина коалиција оди и чекор понатаму во практикувањето на демократијата и нема ништо против пратениците од помалите политички партии на нашата коалиција да го користат легитимното право да делуваат самостојно во парламентот.

Тоа е моќта на слободата на делување на коалиционите партнери чија водилка е напредокот на земјата, а не партискиот рејтинг.

Ние не сме и никогаш нема да бидеме партија која мнозинството во собранието и стабилноста на Владата се обезбедува со меници издадени од Груевски.

Не ни требаат меници за да ја обезбедиме стабилноста на владината коалиција и да ја водиме татковина кон прогрес, во друштвото на најнапредните западно-европски демократии.

Нашата единствена меница е довербата на граѓаните на изборите и владината програма со силна политичка волја за континуитет во спроведувањето на заеднички прифатените стратешки приоритети на нашата земја.

Паралелно со спроведувањето на здравствената стратегија за ефикасно справување со КОВИД-19 се работеше и се подготвија четвртиот и петтиот пакет економски мерки со цел одржливост на  економијата, спас на работните места и грижа за никој да не биде изоставен.

Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни насочивме околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација.

Инициравме процеси во енергетиката и енергетската ефикасност и активиравме тренд на преминување кон извори на чиста енергија и на сигурно снабдување со гас за македонската гасоводна мрежа чија градба е во напредна фаза. Почна реализација на фотоволтаичните централи“, изјави Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

June 26, 2025

ЦИВИЛ: Стоп за масакрот во Газа – светот мора да се разбуди! Гледаме геноцид во живо и не смееме да молчиме!

June 26, 2025

Маричиќ: Во преговарачката рамка пишува „македонски јазик”, ниту модерен, ниту старовремен – тоа прашање е затворено

June 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ангел Ангеловски

    МНРиНД: Во Конзулатот во Солун пријавено дека 19-годишен македонски државјанин починал во Ханиоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk