ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ЈО бара лицето приведено за инцидентот во Ѓорче Петров да биде пуштено, бидејќи ДНК трагите во возилото не се негови

March 4, 2021 16:42
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје побара лицето кое беше осомничено дека на 1 март годинава од патничко возило „Голф“ пукало кон „Мерцедес“ управуван од лице од Горно Свиларе, кое се здобило со прострелна рана во натколеницата, да биде пуштено од краткотраен притвор, бидејќи ДНК трагите најдени во возилото не се од него.

ОЈО денеска соопшти дека извештајот од направената анализа покажал дека биолошките траги најдени во „Голфот“ не одговараат на ДНК профилот на лицето на кое му бил определен краткотраен притвор од 48 часа.

Исто така, при постапката на препознавање, повредениот не го препознал притвореното лице.

– При вака утврдени факти, Обвинителството утврди дека не постои основано сомнение дека лицето спрема кое беше определена мерка краткотраен притвор е сториле на кривичното дело и од тие причини нема да отвори истражна постпка против него. Воедно, надлежниот обвинител го извести судијата на претходна постапка при надлежниот суд и побара лицето веднаш да биде пуштено од краткротраејниот притвор, се вели во соопштението од ОЈО Скопје.

Настанот се случи на 1 март околу 16 часот на улицата „Борис Сарафов“ во скопската населба Ѓорче Петров, кога од патничко возило „Голф 5“ без регистарски таблички беше пукано со огнено оружје кон „Мерцедес“ управуван од лице од село Горно Свиларе, кое беше повредено во левата натколеница.

За истиот настан, како што информира ОЈО, било приведено уште едно лице, но потоа тоа било пуштено бидејќи од МВР не биле обезбедени и приложени докази на негова инволвираност.

Обвинителството издаде повеќе наредби и насоки на Министерството за внатрешни работи во насока на утврдување на идентитетот на сторителот на конкретното кривично дело. Откако МВР ќе го утврди идентитетот на сторителот и ќе обезбеди докази во поглед на кривичното дело, ќе поднесе кривична пријава по која Обвинителството ќе постапи согласно надлежноста, се вели во соопштението од ОЈО Скопје.

извор: МИА

Next Post

Китанова: Податоците од пописот во Штип ќе се користат за креирање на развојни политики и истражувања

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk